Денешната десетта етапа кај мотоциклистите на релито Дакар 2014 донесе двојна победа за тимот на Хонда, но Марк Кома на КТМ сеуште е водечки во генералниот пласман.
Денешната десетта етапа кај мотоциклистите на релито Дакар 2014 донесе двојна победа за тимот на Хонда, но Марк Кома на КТМ сеуште е водечки во генералниот пласман.
Возачите на Хонда на денешната етапа забележаа 1-2 победа, но сепак Марк Кома со својот КТМ го има главниот збор на релито. Вчерашниот пех на Бареда заради кој беше казнет со 15 минути се покажа како предизвик за шпанецот, па денешната одлично извозена етапа му донесе време кое за 11 минути ја намали предноста во генералниот пласман.
Бареда беше казнет заради брзо возење на специјалниот испит на вчерашната етапа. Алармот кој требало да го извести дека вози во зоната со ограничена брзина затаил, па возачот на Хонда беше вратен назад на 10-та позиција.
Марк Кома иако има голема предност изјави дека не е се завршено. На прашање од новинарите дали веќе се гледа како победник тој одговори: „Не, доколку почнеме така да размислуваме одиме во погрешна насока. Мора да останеме фокусирани, цело време. Не очекуваат два навистина тешки денови, посебно утре кога се возат 600км низ етапа која е предизвикувачка. Има уште да се вози, се е возможно.
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|