Останато

Дакар 2015: Полски мотоциклист најден мртов на третата етапа

Полскиот мотоциклист Михал Херник беше пронајден мртов за време на третата етапа од релито Дакар, соопштија организаторите.

Следете нè на:

 

Hallado Michal Hernik Dakar Argentina TINIMA20150107 0002 3Полскиот мотоциклсит Михал Херник е пронајден мртов на 206 километри од третата етапа

Полскиот мотоциклист Михал Херник беше пронајден мртов за време на третата етапа од релито Дакар, соопштија организаторите.

Триесет и деветгодишникот беше најден на 300 метри од патеката на етапата од Сан Хуан до Чилесито во Аргентина.

Причината за смртта засега е непозната, бидејќи на телото на Херник немало видливи знаци на несреќа.

Ова беше прв настап за Херник на релито и се наоѓаше на 84. место.

- Кога менаџментот на трката забележа дека неговиот сигнал е изгубен, реши да почне потрага во мотоциклистот. Хеликоптер на брза помош го пронајде на 300 метри од рутата. За жал, докторот можеше само да констатира смрт - сооштија организаторите.

Релито Дакар е познато по фаталните несреќи и досега има над 50 загинати натпреварувачи и гледачи од неговото воведување во 1979 година.

Фото: АП
Извор: Вест

Би можело да ве интересира

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Дождот кој обилно врнеше на трката во Силверстоун, ни овозможи да поразговараме со поранешниот Супербајк и MotoGP победник, Крис Вермулен.

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.