Ја нарекуваат најтешката мото трка во Светот со право. На 13 дневниот тест натпреварувачите се тркаат помеѓу себе, со часовникот, со теренот, дождот, песокот, па дури и со самите себеси додеки го тестираат лимитот на своето тело.

Заради сето ова, не треба да не изненадува што голем број на врвни возачи не го завршија релито Дакар 2016. Всушност, сите што дојдоа до целната линија се победници, без разлика на која позиција завршија. Имајќи го сето ова во ум, разбирливо е зошто Тоби Прајс е човекот кој најмногу слави, откако дојде до првата победа на Дакар во својот втор настап на ова рели.

Победата во вториот настап на Дакар за мене е одлично, но тоа што сум првиот победник од Австралија е лудо. Ова немаше да си го замислам пред две години. Да го завршиш релито е одличен успех, но да победиш на Дакар е неверојатно!Тоби Прајс

На подиумот се искачи уште еден возач на КТМ, Стефан Свитко. Словачкиот возач беше изненадување за сите откако ја освои втората позиција без да има поддршка од фабричкиот тим на КТМ. Тој успеа да победи на 10-та етапа, и да забележи топ 5 времиња на 9 од вкупно 13 етапи. Трикратниот Европски Ендуро шампион сигурно ќе го видиме повторно на Дакар, а доколку добие поддршка и од фабричкиот тим, барајте го на врвот од пиедесталот.

2016 Dakar Rally Stage 13 KTM 16

На третата позиција финишираше Пабло Квинтанила со својата Хускварна, успевајќи да ги помине Хелдер Родригез на Јамаха и Кевин Бенавидес на Хонда. 

Поз. Возач Земја Мотор Време Разлика Пенали
1 PRICE AUS KTM 48:09:15
2 SVITKO SVK KTM 48:48:56 00:39:41 00:01:00
3 QUINTANILLA CHL HUSQVARNA 48:58:03 00:48:48
4 BENAVIDES ARG HONDA 49:04:02 00:54:47
5 RODRIGUES PRT YAMAHA 49:04:59 00:55:44 00:05:00
6 VAN BEVEREN FRA YAMAHA 49:55:44 01:46:29
7 MEO FRA KTM 50:06:02 01:56:47
8 FARRES GUELL ESP KTM 50:10:15 02:01:00
9 BRABEC USA HONDA 50:20:42 02:11:27
10 MONLEON ESP KTM 51:37:04 03:27:49
Back To Top