Останато

Дакар 2018

Одбројуваме до стартот на релито Дакар 2018, само уште два дена до почетокот на спектакуларната трка.

Следете нè на:

 

Најголемото и најтешкото рели на светот, историјата на релито Дакар беше испишана на некои од најголемите пустини и сигурно може да се вметне во најтешките спортски предизвици на нашето време. Некои од најдобрите возачи ќе се соочат со аматери за кои ова рели претставува кулминација на нивните соништа. Возачи од преку 50 земји секоја година се дел од оваа трка во која натпреварувањето и помошта одат заедно и чиј што телевизиски пренос се пренесува во повеќе од 190 земји.

587a2be9cd9c67.44402604

Да се стигне до место на подиумот претставува значителен предизвик, а сите возачи се мотивирани и од желбата едноставно само да се заврши релито и безбедно да се стигне до целната линија. Без разлика дали се работи за мотоциклистите, автомобилистите и возачите на камиони сите ја делат истата амбиција, истото чувство кое ги поврзува. Солидарноста, која е еден од основните столбови на релито потекнува токму од оваа заедничка пасија. Сите натпреварувачи го зборуваат истиот јазик.

Релито Дакар е еден од најголемите спортски предизвици и во текот на годините постојано е инспирација за авантуристите. Тој е многу повеќе од само тркање и брзина. Бара врвни навигациски вештини и конзистентност. Во оф роуд возењето најважна е издржливоста, а најмалата грешка може скапо да ве чини. Во изминативе 26 години комбинацијата на физичка издржливост и технички перформанси беа одлучувачки за да се стигне до врвот.

Откако повеќе од триесет години релито се оддржуваше во пустините на Африка, од 2009 година тое се префрли на друг континент и сега се оддржува на големите пространства на Јужна Америка. Ова им овозможува на возачите да ги откријат убавините на овој континент кои секојдневно се менуваат.  Рутите се комбинирани со можноста да се откријат нови култури кои се длабоко вкоренети во историјата на континентот. Секоја година пристигнуваат голем број на возачи кои на телевизиските екрани ги гледаат повеќе од една милијарда луѓе.

Како изгледаше тоа во 2017:

Би можело да ве интересира

Нашиот возач Христијан Бузалковски беше повикан од страна на српски тим и понудата секако беше прифатена. Воедно,трката се вози 4 часа, а овој пат ќе имаме директен пренос на каналот Спорт Клуб 3! Во продолжение ја пренесуваме и изјавата на Бузо за мотори.ком.мк

Мото клубот Конзули од Битола својот 8-ми мото собир ќе го организира на 11-ти август со почеток од 17 часот во ноќниот клуб Парадизо во Битола.

Автономното сопирање не е некоја новост во транспортната индустрија. Веќе неколку години автомобилите се опремени со вакви системи. Но во однос на безбедносната технологија, мотоциклите малку заостануваат.

Piaggio објави нова верзија на MP3 со значителни подобрувања на моделот 500 како и целосно нов модел 350.

Само што слушнавме една информација од Harley-Davidson која веруваме дека ќе сакате да ја знаете. Веќе подолг период има гласини дека компанијата со седиште во Милвоки планира да објави нешто поврзано со нејзината иднина.

На новиот модел алгоритмите на KTM, со помош на компјутер ги корегираат грешките на возачот. Само притиснете на сопирачките и мотоциклот ќе застане. Но што доколку возачот го фати паника и премногу силно притисне на предната сопирачка кога е веќе внатре во свиокот? Мотоциклот ќе се исправи и ќе застане.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!