Останато

Дакар 2018: Изедначена борбата на врвот

Со оглед на тоа дека се влошува временската состојба, беше донесена одлука да се одложи деветата етапа, а тимовите да се префрлат во следниот камп кој се наоѓа во Салта, Аргентина.

Следете нè на:

 

Фабричкиот возач на КТМ, Антоан Мео, ја оствари втората етапна победа на релито Дакар откако успеа да постигне најдобро време на осмата етапа. 33 годишниот Французин имаше интересен дуел со возачот на Honda, Американецот Рики Брабек, во текот на целата етапа долга 498 километри. На крајот Мео успеа да победи со разлика од 1 минута и 8 секунди.

vanbeveren8

„Нашата стратегија беше да нападнеме уште од самиот почеток. Притиснав силно и веќе околу 54-от километар успеав да го претекнам Де Соултраит. Потоа застанав за да му помогнам на Квинтанила кој имаше проблеми со мотоциклот. Тогаш го загубив ритамот и после тоа беше многу тешко да се направи поголема разлика. За жал, стратегијата која ја имав за утре нема да ја искористам бидејќи етапата е откажана. Сега не знам која стратегија да ја употребам.“

Силниот дожд кој го зафати регионот значи дека голем дел од тимовите ќе имаат проблем да стигнат до привремениот камп. Возачите само што завршија маратонска етапа, а во текот на изминатата ноќ немаа помош од механичарите.

Со оглед на тоа дека се влошува временската состојба, беше донесена одлука да се одложи деветата етапа, а тимовите да се префрлат во следниот камп кој се наоѓа во Салта, Аргентина.

Иако и досега имавме изедначена борба меѓу возачите, резултатот на табелата после осмата етапа е уште поинтересен. После 27 часа, 23 минути и 2 секунди тркање, возачот на Yamaha, Адриен ван Беверен е лидер во генералниот пласман со предност од само 22 секунди во однос на возачот на Honda, Кевин Бенавидес.

За Аргентинецот Бенавидес, трката сега ќе продолжи на негов домашен терен, а токму следната етапа ќе почне да се вози од неговиот роден град.

Зад ван Беверен и Бенавидес се наоѓаат возачите на КТМ Матиас Валкнер, Тоби Прајс и Антоан Мео.

Наградата за најдобро возење оди во рацете на Жоан Бареда кој и покрај тоа што победи на седмата етапа, вчера падна и доживеа сериозна повреда на коленото. Постоеа гласини дека тоа за него ќе биде последен настап, но тој се врати на мотоциклот за осмата етапа и на крајот заврши со заостанување од 12 минути зад Мео.

Резултати - Етапа 8

  1. Antoine Meo                FRA                  KTM                 5h24m01s
  2. Ricky Brabec                USA                  Honda              +1m 08s
  3. Toby Price                    AUS                  KTM                 +2m 45s
  4. Kevin Benavides           ARG                 Honda              +5m 52s
  5. Stefan Svitko                 SVK                  KTM                 +6m 46s
  6. Matthias Walkner        AUT                 KTM                 +7m 0s

Генерален пласман по осмата етапа

  1. Adrien Van Beveren    FRA                  Yamaha           +27h 22m 03s
  2. Kevin Benavides          ARG                 Honda              +22s
  3. Matthias Walkner       AUT                 KTM                 +6m34s
  4. Toby Price                   AUS                  KTM                 +7m35s
  5. Joan Barreda               ESP                  Honda              +8m01s
  6. Antoine Meo               FRA                  KTM                 +9m 56s

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.