Останато

Дакар: Сандерленд се уште не може да поверува дека е победник

Британскиот победник на релито Дакар 2017, Сем Сандерленд, вели дека се уште е во шок од резултатот кој го постигна на овогодинешната трка.

Следете нè на:

 

Британскиот победник на релито Дакар 2017, Сем Сандерленд, вели дека се уште е во шок од резултатот кој го постигна на овогодинешната трка. Тој признава дека и покрај предноста што ја имаше во втората недела од релито, се обидувал да не мисли на можноста за победа се до последната етапа во Буенос Аирес.

pobeda dakar

На втората недела од трката, Сандерленд беше речиси незапирлив. Тој го презеде водството и постојано ја оддржуваше предноста пред неговите конкуренти. Вели дека се обидувал да не мисли на фактот дека може да стане првиот Британски возач кој е победник на релито.

„Некаде околу последните пет километри од трката почнав да размислувам дека е возможно да победам. Се обидував да не мислам на тоа, да останам смирен. Воопшто не беше лесно бидејќи секојдневно на мотоциклот поминував по 14 часа.“

„Ова е првото рели Дакар на кое успеав да стигнам до крајот, и победив. Ми звучи неверојатно кога го кажувам, но во моментов сум навистина благодарен. Последниве шест дена чувствував голем притисок но сега се чувствувам прекрасно. Му должам многу на мојот тим бидејќи мотоциклот беше одличен изминативе две недели. Благодарен сум им на сите кои ме подржаа.“

Сандерленд е вториот возач на КТМ кој успеа да оствари победа на релито Дакар. Минатата година истото му успеа и на Тоби Прајс, кој за жал на овогодинешното рели ја скрши ногата уште во првите етапи. Според Сандерленд, двете едноподруго победи за неговиот тим е јасен сигнал дека доаѓа нова ера во трките.

„Голем хендикеп беше за нас кога Тоби мораше да го напушти релито. Но тоа не натера да бидеме уште подобри. Мислам дека времињата се сменија. Има многу брзи возачи кои можат да победат. Сега ќе победи единсвтено возачот кој ќе направи најмалку греши.“

Би можело да ве интересира

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Оваа серија ќе се оддржува за време на петте Европски Гран При трки и ќе се потпира на тимовите кои се веќе дел од MotoGP гаражата.

Возачот на Kawasaki, Џонатан Реа ја постигна втората победа во текот на викендот на трката која се возеше во Портимао.

Веќе некое време знаеме за BMW R1250GS 2019 но денеска, благодарение на промотивното видео за прв пат имавме можност да ја видиме оваа машина.

Kawasaki објави детали за два нови модели со зафатнина од 125cc.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!