Мајкл Данлоп вели дека се уште не може да поверува дека не успеа да победи на неделната ТТ трка откако неговиот Bennetts Suzuki се расипа додека беше во водство од седум секунди.

Мајкл Данлоп вели дека се уште не може да поверува дека не успеа да победи на неделната ТТ трка откако неговиот Bennetts Suzuki се расипа додека беше во водство од седум секунди.

MichaelDunlopSBK

Ирецот само што го постигна најбрзиот круг на трката и беше во убедливо водство кога се појавија проблемите со моторот на неговиот GSX-R во пресрет на вториот круг од трката. Сепак 28 годишниот возач успеа да се врати на спектакуларен начин и да ја оствари својата 14-та ТТ победа на вчерашната Monster Energy Supersport трка. Откако го презеде водството во првите делови од трката, Данлоп успеа да направи предност пред возачот на JG Speedfit Kawasaki, Џејмс Хилер.

„Во неделата невозможното стана возможно,“ изјави Данлоп. „Луѓето мислеа дека правам грешка што доаѓам со нов мотоцикл. Во вториот круг имав мали проблеми. Но се случуваат вакви работи. Момците работеа напорно, целиот тим работеше напорно и ова е крајниот резултат. “

Back To Top