Isle of Man TT 2013 беше голем успех за Хонда. На седум од девет трки со самостојни и мотори со прикола победија машини кои имаат мотор од Хонда.

honda-1

Isle of Man TT 2013 беше голем успех за Хонда. На седум од девет трки со самостојни и мотори со прикола победија машини кои имаат мотор од Хонда.

ТТ натпреварувачката недела започна на спектакуларен начин со „sidecar“ трките. Четирикратниот светски шампион Тим Ривс ја оствари својата прва ТТ победа заедно со сопатникот Ден Сајл.

Вниманието потоа се насочи кон Супербајк трката. На крајот на подиумот завршија само Хонда машини. Мајкл Данлоп заврши на првото место и ја освои првата ТТ победа за Хонда, 30 години откако неговиот роднина Џои Данлоп го постигна истиот успех. На второто место заврши Камерон Доналд, а трет беше Џон Мекгинис кој постигна нов рекорд на патеката од 212км/ч.

honda-3

Наредниот ден Мајкл Данлоп оствари победа и во Суперспорт трката возејќи MD Racing Honda CBR600RR. Истиот ден оствари уште една победа, овој пат во Суперсток трката и притоа постигна нов рекорд кој изнесува 211км/ч.

На втората суперспорт трка, Мајкл Данлоп имаше уште едно одлично возење со својата MD Racing Honda, остварувајќи победа и поставувајќи нов рекорд од 207км/ч. Брус Анстеј и Џон Мекгинис – двајцата возеа за HM Plant Honda-завршија на второто и третото место. На втората „sidecar“ трка која се одржа истиот ден, поранешните светски шампиони Бен и Том Бирчал – кој имаа машина со мотор од Хонда- ја остварија својата прва ТТ победа.   

Сите погледи тогаш се насочија кон конечната битка на Isle of Man TT, трката на која сите сакаат да победат -Senior TT. Мајкл Данлоп имаше за цел да оствари пет победи во пет трки, а Џон Мекгинис имаше за цел да ја оствари својата прва ТТ победа во 2013 година. Во епска битка со тимскиот колега Мајкл Данлоп, Џон Мекгинис постигна победа и со тоа ја оствари својата 20-та ТТ победа во кариерата и 41 место на подиумот. Брус Анстеј комплетираше уште една 1-2-3 победа на Хонда.

honda-2

Хонда досега има остварено импресивни 170 победи на ТТ.

Нил Таксворт- менаџер на Honda Racing; „Isle of Man TT е и секогаш ќе биде многу специјален настан за Хонда.Тука започнавме да се натпреваруваме во 1959 и секогаш се наоѓа високо на нашата натпреварувачка агенда. Ние сме исклучително задоволни што постигнавме толку добри резултати во 2013 година. Остваривме победа на секоја трка на која имаше машини управувани од мотор на Хонда и докажавме дека CBR600RR и CBR1000RR Fireblade се одлични моторцикли.“

Back To Top