Останато

FIM ги претстави шампионите за 2016 година

MotoGP шампионот Марк Маркез им се приклучи на останатите победници на церемонијата која се оддржа во Берлин.

Следете нè на:

 

Возачот на Repsol Honda ја освои својата петта светска титула и заедно со сонародникот Хорхе Лоренцо имаат по три титули во премиерната класа.

„Во 2015 година направив неколку грешки и кога ќе научиш од нив, поинаку се справуваш со останатите проблеми. Околу мене има прекрасни луѓе и одлична екипа. Сега пред нас се претсезонските тестови и не очекува напорна работа. Но сепак, чувството е прекрасно,“ изјави Маркез.

markez fim gala

На церемонијата присуствуваа и шампионите од Moto2 и Moto3, Јохан Зарко и Бред Биндер.

Зарко, кој ќе премине во MotoGP, изјави: „Одбраната на титулата секогаш е потешка отколку кога ја освојувате за прв пат. Сите мои ривали сакаа да ме победат. Со нетрпение го очекувам настапот во MotoGP, а тестовите ми помогнаа подобро да ги разберам тие машини. MotoGP е мој сон! “

Возачот од Јужна Африка, Бред Биндер, изјави: „Ова беше неверојатна сезона. Одлична за мене и за мојата земја. Победата во Херез ми покажа дека можам да бидам одличен. “

Лоренцо  Дела Порта исто така освои медал за победата во FIM CEV Repsol Moto3 јуниорскиот светски шампионат. Од следната сезона, тој ќе дебитира во Moto3 шампионатот.

Меѓу оние кои беа присутни беше и шампионот во WSBK серијата, Џонатан Реа кој ја освои својата втора светска титула во Супербајк шампионатот и стана првиот возач кој успеа да освои две титули едноподруго во новиот милениум.

Покрај Реа, на манифестацијата присутен беше и Кенан Софуоглу кој ја освои неговата рекордна петта титула во Суперспорт шампионатот.

Би можело да ве интересира

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Дождот кој обилно врнеше на трката во Силверстоун, ни овозможи да поразговараме со поранешниот Супербајк и MotoGP победник, Крис Вермулен.

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.