Многу возачи често возат со преголема брзина на улиците кога пристигнуваат на Isle of Man па организаторите на настанот одлучија дека е време за нова безбедносна кампања.

Многу возачи често возат со преголема брзина на улиците кога пристигнуваат на Isle of Man па организаторите на настанот одлучија дека е време за нова безбедносна кампања.

Овогодинешната кампања е составена од постери, слогани како и задскриени возила со цел да се зголеми идејата дека улиците не смеат да се сметаат за тркачка патека кога не се дел од главниот настан.

ramsey hairpin board 2017 496x245

Напорите за промовирање на безбедносната кампања започнаа многу порано пред фановите да пристигнат на островот. Оние лица кои пристигнуваат со брод ќе се стакнат со важни безбедносни информации благодарение на летоците на кој се наоѓаат совети кои би можеле да ви го спасат животот.

Постерите со информации ќе ги има насекаде низ островот и ќе бидат преведени на неколку јазици.

На еден од билбордите може да се види и слика од Луис Кларк и неговиот уништен мотоцикл, а веднаш под сликата стои пораката: „Дали ќе го завршиш кругот? Јас не успеав но тоа не беше поради моја вина.“ За оние што не знаат, младиот возач загина во 2015 година откако се судри со еден од посетителите на настанот.

На планинскиот дел повторно ќе биде воведен еднонасочниот систем со цел да се намали бројот на сериозни судари. На возачите им се укажува да не се потпираат целосно на сателитската навигација бидејќи некои делови од патеката може да бидат затворени.

Безбедносните препораки ќе бидат наменети за сите учесници на настанот, а како дел од кампањата и сите ученици ќе добијат упатства за заштита и безбедност. Гледачите исто така се потсетуваат дека за време на траењето на целиот настан, односно две недели, сообраќајот ќе се одвива нормално на поголем дел од улиците.

Back To Top