Годинешниот Isle of Man TT донесе многу возбудувања, но секако ќе биде запомнет по појавата на новата Ninja H2R на асвалтот на островот.

hiller h2r

Годинешниот Isle of Man TT донесе многу возбудувања, но секако ќе биде запомнет по појавата на новата Ninja H2R на асвалтот на островот.

Возачот на Quattro Plant Kawasaki Џејмс Хилер беше видно возбуден пред стартот на парадниот круг. Организаторите се потрудија да му обезбедат сесија во која тој сам ќе го проба потенцијалот на Ninja H2R, a Хилер тоа го искористи на најдобар можен начин. Подготовките на моторот од страна на тимот траеа неколку денови, од подесување на суспензијата која треба да издржи различни видови на терен, до поместување на седиштето заради екстремното забрзување на моторот.

Isle of Man TT доживеа уште една атракција, дури ни оние нај закоравените фанови на традиционалните мотори не останаа рамнодушни на звукот и брзината на новиот супермоќен мотоцикл на Кавасаки. Како изгледаше сето тоа? Погледнете од он-борд видеото, и не заборавајте, брзинометарот е во милји :)

По парадниот круг, Хилер изјави: „Тоа беше лудо, едноставно лудо! Првите четири брзини се менуваат додека да трепнеш, а забрзувањето е ментално! Моторот беше брз секаде, и на планините и низ населените места, беше навистина неверојатно.“

Брзината од 332км/ч беше измерена не само од брзинометарот на моторот туки и со GPS апликација која беше вклучена за време на целото возење низ патеката долга 59 километри. Инаку најголемата брзина измерена на Ninja H2R на затворен аеродром изнесува 357км/ч.

А како изгледаше поминувањето на Хилер низ тесните улички на Isle of Man TT, погледнете го видеото од перспективата на еден гледач:

Back To Top