Заменувајќи го повредениот Марк Кома во  тимот на КТМ, Касели, иако е почетник на Дакар , досега постигна високи резултати на еден од најтешките мотоциклистички настани.

Kurt-Caselli-KTM-Dakar-Rally-2013

После победата на седмата етапа на Релито Дакар, „Спортската Организација Амаури“ ( A.S.O.), започна да пушта повеќе видеа од Американецот Курт Касели на Youtube каналот.

Заменувајќи го повредениот Марк Кома во  тимот на КТМ, Касели, иако е почетник на Дакар , досега постигна високи резултати на еден од најтешките мотоциклистички настани. Касели, кој  досега извојувал победи на „WORCS“, „Hare and Hound“ и „ISDE“ трките, беше дел од тимот на KTM кој освои второ место на трката „Baha 1000“ во 2012 година.

Ова искуство му помогна на Касели, кој инаку потекнува од Калифорнија, лесно да се адаптира на трката во Јужна Америка, иако тој процес воопшто не беше лесен.  Поради грешки во навигацијата, Касели имаше ужасна девета етапа и падна од 11-то на 39-то место. Но сето тоа е дел од процесот на учење за овој почетник на Дакар. Касели сега има неколку дена да го поправи своето време и да го подобри својот пласман на крајот на релито.

Back To Top