Останато

Крис Фајфер се повлекува од стант возењето

Познатиот стант возач Крис Фајфер денеска објави дека е време да се повлече од овој спорт.

Следете нè на:

 

chris pfeiffer stunt hdr skopje macedonia 9Крис го изведе и познатиот „бакнеж“ во Скопје

Познатиот стант возач Крис Фајфер денеска објави дека е време да се повлече од овој спорт.

Крист Фајфер во својот допис за медиумите вели:

Почитувани пријатели, фанови и партнери,
Ќе ја скратам приказната: По цели 20 години поминати како професионален возач, одлучив дека е време да престанам со настап на шоуа. Сега веќе имам 45 години, и во изминатиот период ми беше навистина тешко да возам со врвни перформанси. Како што и сам велев, во моментот кога ќе осетам дека не напредувам, ќе се откажам од возењето, ќе им го отстапам просторот на младите возачи.
Во изминатите 20 години настапив на илјадници шоуа низ целиот свет, во 94 земји (вклучувајќи ја и Македонија), за мене тоа беше незаборавно искуство исполнето со авантури и искуство. Се трудев стант возењето да го донесам до обичната публика, да го направам мејнстрим, да ги возбудувам и забаваувам гледачите. Си поминував навистина одлично!
Последниот натпреват го имав во 2010, но последниот настап пред публика беше пред краток период, а тоа веројатно ќе биде и се што ќе видите од мене. Сепак, една работа е сигурна, нема да престанам да возам мотор - возењето е мојот живот. Тоа нема никогаш да се промени.
Благодарност до сите вас,
КрисКрис Фајфер

Крис Фајфер ќе остане запомнет како човек кој многупати ги прекрши законите на физиката. Од самиот почеток на кариерата правеше работи за кои никој не веруваше дека се возможни. Така во 2004 година на „Stunt Wars“ во Флорида го исправи моторот на задното тркало под агол од 115 степени, 50 повеќе од она што до тогаш беше максимум. Со овој зафат тој не само што победи на настанот, туку влезе и во Гинисовата книга на рекорди.

Она што го прави легенда секако се и титулите кои ги има освоено, 4 титули како Европски првак и 4 во Светски рамки. Секако тука се и настапите на Ерцберг трките на Ред Бул на кој има освоено 4 први места, како и искачувањето по вертикалниот ѕид „Via Tina“ во Италија.

Крис Фајфер на нашата публика и е познат по настапот во Скопје во 2010 година, кога заедно со тогаш младиот Рок Багорош ја забавуваа публиката во центарот на градот.

Во продолжение следува и видеото од настапот на Крис во Македонија:

 

Би можело да ве интересира

Марк Маркез се доближи еден чекор поблиску до освојување на титулата откако имаше импресивен настап пред домашната публика на трката која се возеше во Арагон.

Марк ми ја уништи трката, ми ја повреди ногата. Знае дека погреши! - Хорхе Лоренцо

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Пред вас е Suzuki GSX-R1000 – Ryuyo, супербајк кој има 209 коњски сили и тежина од 167 килограми. За жал, од овој модел ќе бидат произведени само 20 примероци кои ќе имаат цена од 29.990 евра.

Марк Маркез призна дека добро се справува со периодот во кој нема постигнато ниту една победа во премиерната класа.

Можеби тоа е само земја на слободи во однос на полуавтоматските оружја. Но се чини дека во иднина жителите на Америка нема да имаат избор во однос на тоа каков мотоцикл ќе можат да купат.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!