Доколку сакате да видите како изгледа еден круг околу легендарната „Isle of Man TT“ за време на трка, ќе треба да одвоите 18 минути за кои сигурно нема да зажалите.

michael-dunlop-isle-of-man-tt-supersport-bungalow-richard-mushet1

Доколку сакате да видите како изгледа еден круг околу легендарната „Isle of Man TT“ за време на трка, ќе треба да одвоите 18 минути за кои сигурно нема да зажалите.

Како се доближува годинешната „Isle of Man TT“ трка се побројни се видеата од кои застанува здивот. Во последното видео кое го објавија нашите пријатели од AsphaltAndRubber, имаме прилика да го следиме фантастичниот Мајкл Данлоп со својата Honda CBR600RR за време на Суперспорт трката.

Видеото започнува во третиот круг од вкупно четири колку што се возат, во моменти кога Данлоп е на втората позиција зад Брус Ајнсти. Данлоп веќе го има завршено пит стопот по вториот круг, а на патеката се и Џон МекГинис како и Камерон Доналд кои едноставно го влечат напред Данлоп.

Во моментот кога е снимено видеото Мајкл веќе има зад себе три победи, и е на патот да ја забележи четвртата. Видеото ја прикажув решителноста на внукот на легендарниот Џои Данлоп, и претставува вистинско адреналинско уживање.

Back To Top