Останато

Мајкл Данлоп на ТТ 2017 ќе настапи за Suzuki Power

Освојувачот на 13 титули во ТТ, Мајкл Данлоп, на трките во 2017 година ќе настапи на Suzuki. Тој ќе остане во Hawk Racing тимот и ќе вози под знамето на Bennetts Suzuki.

Следете нè на:

 

Освојувачот на 13 титули во ТТ, Мајкл Данлоп, на трките во 2017 година ќе настапи на Suzuki. Тој ќе остане во Hawk Racing тимот и ќе вози под знамето на Bennetts Suzuki.

После неизвесноста во однос на тоа за кој тим ќе настапи во престојната сезона, вреди да се напомене дека одлука на Данлоп да настапи на новиот GSX-R 1000R Suzuki изненади многумина. 

16649293 10154869756091708 7856012404341841399 n

После турбулентниот период што го имаше со новата машина кога возеше за Milwaukee Yamaha, многумина мислеа дека тој нема повторно да преземе таков ризик.

Но, Данлоп го направи токму тоа. Сепак, овој пат шансите за успех се далеку поголеми.

Ова го велам бидејќи зад него стои компетитивен тим со кој има постигнато голем успех. На ова треба да се додаде и тоа дека тимот има директна поддршка од Suzuki.

Познат по неговата одлучност и желба за победа, еден од квалитетите на Данлоп е и фактот дека може од обична машина да направи победник.  Пример за ова е сезоната 2014 кога имаше голем успех со BMW Motorrad.

Трикратниот Superbike TT шампион ќе се обиде да стане првиот возач кој успеал да победи возејќи мотоцикли на Honda, Yamaha, Kawasaki, BMW и Suzuki.

Покрај настапот на Isle of Man, тој исто така ќе настапи и на North West 200 како и на најбрзата улична трка, Ulster Grand Prix.

Една работа што неколкупати ја имам досега кажано за Мајкл Данлоп е дека тој постојано докажува дека невозможното е возможно. Но за да го врати Suzuki на подиумот, на Данлоп ќе му биде потребен целиот негов талент и желба.

Би можело да ве интересира

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Оваа серија ќе се оддржува за време на петте Европски Гран При трки и ќе се потпира на тимовите кои се веќе дел од MotoGP гаражата.

Возачот на Kawasaki, Џонатан Реа ја постигна втората победа во текот на викендот на трката која се возеше во Портимао.

Веќе некое време знаеме за BMW R1250GS 2019 но денеска, благодарение на промотивното видео за прв пат имавме можност да ја видиме оваа машина.

Kawasaki објави детали за два нови модели со зафатнина од 125cc.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!