Останато

Monster Energy Honda ги претстави рели плановите за 2017 година

„Време е Monster Energy Honda да се врати на рели трките,“ изјави генералниот менаџер на тимот, Мартино Бјанки.

Следете нè на:

 

Тимот на Monster Energy Honda ќе ја започне кампањата за новата сезона со речиси истатата стратегија како и минатата сезона. Додека еден дел од тимот ќе биде во Мексико, останатите возачи ќе бидет дел од Светскиот шампионат кој ќе се оддржи на Блискиот Исток.

Американецот Рики Брабек, кој е дел од Monster Energy Honda, веќе учествува на релито Сонора во Мексико. На овој четири дневен настан возачите вкупно ќе поминат речиси 1000 километри. Возачот кој доаѓа од Калифорнија, после две рунди води на трката. Брабек, кој е и актуелен шампион, на релито настапува во Honda CRF450 RALLY.

honda monster reli

На трката исто така тебаше да настапи и неговиот тимски колега Јоан Бареда, но Шпанецот доживеат повреда пред самиот старт на релито. Поради операција на клучната коска, тој мораше да ја пропушти трката, а се очекува негово враќање за околу еден месец.

„Време е Monster Energy Honda да се врати на рели трките,“ изјави генералниот менаџер на тимот, Мартино Бјанки. „Жал ни е за Бареда и се надеваме дека наскоро ќе ни се приклучи.“

„Релито Сонора кое се оддржува во Мексико е навистина важно за нас. Дините и другите големи пространства со песок ќе бидат особено голем предизвик за сите учесници.“

Аргентинецот Кевин Бенавидес е подготвен за стартот на сезоната. Возачот кој потекнува од Салта се повреди пред самиот старт на релито Дакар и поради тоа мораше да го пропушти целиот настан. После два месеци опоравување од повредата, Кевин започна со рехабилитација со цел да биде подготвен за следните предизвици.

На почетокот на март, Бенавидес повторно седна на својот мотоцикл,Honda CRF450 RALLY и започна со тренингот за да биде подготвен за „Abu Dhabi Desert Challenge“ кој ќе се оддржи од 1-ви до 7-ми април.

Покрај Бенавидес, на трката ќе учествува и Португалскиот возач Пауло Консавеш кој ќе биде дел од FIM Cross-Country светскиот шампионат.

comments

Би можело да ве интересира

Pirelli ги претстави новите гуми, DIABLO ROSSO CORSA II.

FIM Гран При комисијата ги објави новите промени на правилата за MotoGP сезоната 2018.

Во надополнувањето на правилникот се наведува дека тимовите и производителите може да додаваат аеродинамични компоненти се додека тие ги задоволуваат правилата.  Со ваквата одлука, сега се отвора можноста производителите да ги нудат аеродинамичните крилца и на продукциските модели.

Силвиан Гинтоли пoтврди дека ќе се натпреварува следната сезона иако го загуби местото  во Светскиот и во Британскиот Супербајк шампионат.

Ивчески дојде до нај големиот успех во брзински мотоцклизам во Македонија откако ја освои титулата во БМУ Европскиот шампионат.

Бројот на денови кои можеме да ги поминеме на тркачката патека се намалува, новите машини за следната година веќе беа претставени, а дополнително, ни пристигнува и зимата. За мото индустријата, ова е слаб период од сезоната.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!