Докажаниот технички успех на Motul на релито Дакар за неколку недели повторно ќе биде ставено на тест. 

Еден од најтешките и најпредизвикувачките мото настани во светот, релито Дакар 2016, ќе се оддржи од втори до петнаесетти Јануари низ Аргентина и Боливија. На него ќе се натпреваруваат не помалку од 40 тимови кои ќе бидат поддржани од Motul. Ќе бидат поделени во три категории: мотоцикли, мотоцикли на четири тркала и автомобили.

Трката на која ќе учествуваат 354 возила ќе стартува во Буенос Аирес, ќе продолжи низ Боливија и потоа ќе се врати повторно во Аргентина, во Росарио. Вкупно ќе се возат 14 денови и ќе бидат поминати повеќе од 9000 километри.

Како и секогаш, издржливоста и квалитетот на маслото за подмачкување ќе бидат одлучувачки на високите температури. Од жештината на пустината па се до мразот на планините. Нема да има простор за никакви механички слабости.

Dakar 2016 poster

Техничките партнери на Motul ќе користат специјални лубриканти од нивната мотоспорт линија и од фабричката линија, особено од 300V опсегот наменет за високи перформанси и максимална заштита.

Главен повторно ќе биде фабричкиот HRC рели тим кој се враќа во категоријата на мотоцикли како еден од фаворитите за победа. Петкратен победник на Дакар, тимот на Honda HRC ќе има пет одлични интерационални возачи меѓу кои и шпанецот Жоан Бареда како и Пауло Консавеш кој заврши на второто место минатата година. Постои силна и блиска работна поврзнаност меѓу Motul и HRC.

Другите фаворити во категоријата на мотоцикли се Sherco TVS Rally, HT Rally Raid кој ќе вози Huskava мотоцикли како и големиот натпреварувачки тим на KTM. Јужно Американскиот тим Rhide Yamahas, исто така ќе биде поддржан во категоријата на мотоцикли со четири тркала.

Шампионскиот тим од сезоната 2014  во категоријата автомобили, Xtreme Plus Polaris Racing, ќе замине на релито со силна, мултинационална екипа која ќе биде составена од 5 автомобили кои ќе ги претставуваат Бразил, Италија, Русија, Кина и Франција, додека пак тимот на Toyota Auto Body,исто така е подготвена да се вмеша во борбата за највисок пласман. Конкуренцијата ќе биде силна, трката ќе биде напорна и како и секогаш, од мажите, жените и машите ќе се бара да го дадат својот максимум. Како никогаш досега, издржливоста и способностите на Motul ќе бидат одлучувачки за успех.  

Back To Top