Останато

Red Bull X-Fighters: Клинтон Мур победи на првата трка

На отворањето на сезоната во Мексико Сити, австралискиот возач Клинтон Мур ги изненади сите освојувајќи ја својата прва победа во светското првенство на Red Bull X-Fighters. Ливај Шервуд од Нов Зеланд заврши втор, додека Французинот Томас Паже го комплетираше подиумот пред 38-илјадната публика.

Следете нè на:

 

P 20150307 00091 NewsМУР ГИ ИЗНЕНАДИ ПОРАНЕШНИТЕ ШАМПИОНИ ВО МЕКСИКО

На отворањето на сезоната во Мексико Сити, австралискиот возач Клинтон Мур ги изненади сите освојувајќи ја својата прва победа во светското првенство на Red Bull X-Fighters. Ливај Шервуд од Нов Зеланд заврши втор, додека Французинот Томас Паже го комплетираше подиумот пред 38-илјадната публика.

МЕКСИКО СИТИ (Мексико) – Клинтон Мур беше во лов на својот прв подиум од светското првенство, но освои многу повеќе. Распродадената корида „Монументал плаза де торос“ со овации од 38-илјадната публика го испрати Австралиецот на првото место од пиедесталот, при што зад него беа тројца светски шампиони, Новозеланѓанецот Ливај Шервуд на второто место, Французинот Томас Паже на третото место и Дани Торес од Шпанија на четвртото. 

Одличен старт на сезоната имаше и Реми Бизар од Франција кој заврши на петтата позиција. Реми на македонската публика и е познат по настапот во Охрид во 2011 година со неговата група „Blackliner Freestyle“.

P 20150307 00169 NewsЗапочнаа возбудувањата во Red Bull X-Fighters шампионатот

Во своите шест претходни старта во најпрестижната светска серија во мотокрос слободен стил (ФМХ), тетовираниот Австралиец секогаш го покажуваше својот потенцијал, но никогаш ги немаше поминато четвртфиналните борби. Оваа година тој ги смести сите свои фигури во едно возење и тоа направи голема разлика. Го победи Шервуд со минимална предност, кој пак отвори нова страница во историјата, со изведбата на нова фигура наречена „Transfer Flip“, која за првпат беше изведена во ова натпреварување.

Овој настан ја одбележа и десетгодишница од одржувањето на Red Bull X-Fighters во Мексико Сити, а нивото на изведените фигури надмина с* што е досега видено на „Монументал плаза де торос“.

- Знаев дека конечно успеав кога ги видов конфетите како паѓаат. Сега сум во рајот, - рече 26-годишниот Мур. 

P 20150307 00075 NewsРаспродадената корида „Монументал плаза де торос“ со овации од 38-илјадната публика го испрати Австралиецот на првото место од пиедесталот

Светското првенство во 2015 продолжува со втората трка којашто е закажана на 12 јуни во Атина (Грција), а потоа следуваат Мадрид (Шпанија), на 10 јули, Преторија, (Јужна Африка) на 12 септември и Обединетите Арапски Емирати на 30 октомври.

Снимка од настанот во Мексико Сити може да се погледне на www.redbullxfighters.com и на Ред Бул ТВ. Ред Бул ТВ е достапен преку поврзани ТВ апарати, играчки конзоли, мобилни и други уреди. За комплетна листа на поддржани апарати, посетете ја страницата about.redbull.tv.

Резултати: 1. Клинтон Мур (Австралија), 2. Ливај Шервуд (Нов Зеланд), 3. Томас Паже (Франција), 4. Дани Торес (Шпанија), 5. Реми Бизар (Франција), 6. Адам Џонс (САД), 7. Хавиер Виљегас (Чиле), 8. Броди Вилсон (САД), 9. Жереми Руне (Франција), 10. Хери Бинг (Австралија), 11. Ерик Руиз (Мексико), 12. Мат Рибо (Швајцарија).

Би можело да ве интересира

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Дождот кој обилно врнеше на трката во Силверстоун, ни овозможи да поразговараме со поранешниот Супербајк и MotoGP победник, Крис Вермулен.

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.