Останато

Red Bull X-Fighters: Шервуд ќе брка трета победа по ред во Мадрид

Мадрид ќе биде домаќин на Red Bull X-Fighters по тринаесетти пат во низа, кога најдобрите возачи на мотокрос слободен стил ќе полетаат во нова битка на фамозната корида.

Следете нè на:

 

Jörg-MitterRed-Bull-Content-PoolПродолжуваат возбудувањата во X-Fighters

Мадрид ќе биде домаќин на Red Bull X-Fighters по тринаесетти пат во низа, кога најдобрите возачи на мотокрос слободен стил ќе полетаат во нова битка на фамозната корида.

Ливај Шервуд од Нов Зеланд ќе атакува на својата трена победа во 2014 година кога „икс-фајтерите“ ќе се вратат во коридата Лас Вентас во шпанскиот главен град за еден од најочекуваните настани. Шампионот од 2012 година може да го изедначи шест години стариот рекорд доколку ја освои третата победа, но бранителот на титулата Томас Паже, лани победи на овој спектакл со блескави перформанси, а шампионот од 2011 Дани Торес, има две победи во Мадрид, па ќе направат се што можат за да го поразат Шервуд.

Шервуд е непобедлив оваа сезона со убедливи триумфи на отворањето на сезоната во Мексико Сити и спектакуларниот триумф во Осака во мај. Французинот Реми Бизуар го освои второто место за да го потисне Џош Шинан во генералниот пласман. Годинешнава сезона има пет станици на четири континенти, каде што возачите скокаат по 30 метри во височина и 15 метри во должина, изведувајќи фигури со своите мотоцикли со што и пркосат на гравитацијата.

Мазниот возачки стил надополнет со самодоверба го доведе возачот од Нов Зеланд на врвот, а сега негова цел е да го изедначи рекордот од три победи во низа поставен од Мат Рибо во 2008 година. Тој тогаш победи во Вупертал (Германија), Мадрид (Шпанија) и Форт Ворт (САД) на патот кон освојување на титулата. Шервуд има три победи (но не се едноподруго) во 2012 година, кога ја освои титулата, при што славеше и на настанот во Мадрид.

Возачите ќе се соочат со нови предизвици и карактеристики на патеката во Мадрид, каде што ќе бидат поставени шест различни залетишта и две рампи со форма на четвртина од круг. Вкупно 3.200 кубни метри земја ќе биде внесена на коридата за само три дена, и ќе биде отстранета 16 часа по настанот.

Daniel-GrundRed-Bull-Content-PoolЛас Вентас е најголемата и најважната арена во Шпанија, која има капацитет за 23 илјади гледачи

Лас Вентас е најголемата и најважната арена во Шпанија, која има капацитет за 23 илјади гледачи. Настанот во Мадрид се одржува во континуитет од 2002 година и прерасна во еден од најпрестижните во светот на мотокрос слободен стил (ФМХ). До крајот на сезоната остануваа станиците во Минхен (Германија) и Преторија (Јужна Африка).

Табела во 2014:

1. Ливај Шервуд (Н. Зеланд) 100 поени,
2. Реми Бизуар (Франција) 80,
3. Џош Шинан (Австралија) 80,
4. Дани Торес (Шпанија) 65,
5. Роб Аделберг (Австралија) 55,
6. Адам Џонс (САД) 55,
7. Томас Паже (Франција) 45,
8. Мат Рибо (Швајцарија) 45,
9. Вес Ејџи (САД) 35,
10. Давид Риналдо (Франција) 30.

Извор: Ред Бул

Би можело да ве интересира

Марк Маркез се доближи еден чекор поблиску до освојување на титулата откако имаше импресивен настап пред домашната публика на трката која се возеше во Арагон.

Марк ми ја уништи трката, ми ја повреди ногата. Знае дека погреши! - Хорхе Лоренцо

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Пред вас е Suzuki GSX-R1000 – Ryuyo, супербајк кој има 209 коњски сили и тежина од 167 килограми. За жал, од овој модел ќе бидат произведени само 20 примероци кои ќе имаат цена од 29.990 евра.

Марк Маркез призна дека добро се справува со периодот во кој нема постигнато ниту една победа во премиерната класа.

Можеби тоа е само земја на слободи во однос на полуавтоматските оружја. Но се чини дека во иднина жителите на Америка нема да имаат избор во однос на тоа каков мотоцикл ќе можат да купат.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!