Останато

Red Bull X-Fighters: Со четири шампиони на десетгодишнината во Мексико

Дванаесет од најдобрите возачи во мотокрос – слободен стил, меѓу кои се и четири поранешни светски прваци, ќе се натпреваруваат пред 38 илјади гледачи во најголемата корида на светот, на почетокот од новата сезона во 2015 година, која што стартува на 6 март.

Следете нè на:

 

xfig 2015Се е подготвено за почетокот на новата сезона

Дванаесет од најдобрите возачи во мотокрос – слободен стил, меѓу кои се и четири поранешни светски прваци, ќе се натпреваруваат пред 38 илјади гледачи во најголемата корида на светот, на почетокот од новата сезона во 2015 година, која што стартува на 6 март.

Мексико Сити (Мексико),- Одбележувајќи ја десетгодишнината од ноќта кога Red Bull X-Fighters за прв пат го запали небото над распродадената Монументал Плаза де Торос во Мексико Сити, каде што се собраа 38 илјади френетични навивачи, отворањето на сезоната во 2015 година од најпрестижното првенство во мотокрос слободен стил (ФМХ) се претвора во уште една битка на титаните. Најдобрите ФМХ-возачи, меѓу кои се и четирите поранешни светски прваци Французинот Томас Паже (2013), Ливај Шервуд од Нов Зеланд (2012), Шпанецот Дани Торес (2011) и Мат Рибо од Швајцарија (2008), по зимската пауза се гладни за победи и носат со себе спектакуларни нови точки кои ги усовршија меѓу двете сезони за мексиканската публика која ќе знае да ги цени.

Тесната патека во коридата го одзема здивот, а надморската височина од 2.240 метри во Мексико Сити претставува дополнителен предизвик за целата елита во мотокрос слободен стил. Тие ги изведуваат своите импресивни точки на летечките мотоцикли, при што се издигаат до 15 метри во височина и прават скокови до 30 метри во должина, а сега повторно ќе бидат поддржани да направат возбудливи маневри за ентузијастичките навивачи, кои по осми пат ќе бидат домаќини од дебитирањето на Мексико Сити во 2005 година.

xfig arenaМонументал Плаза де Торос во Мексико Сити

Победата на Ливај Шервуд во 2009 година направи тој да биде најмладиот победник во Red Bull X-Fighters на возраст од 17 години, а исто така тој ја стартуваше и ланската сезона со победа на овој терен. Французинот Паже победи во 2013 година, со што го отвори патот кон титулата за таа сезона, а Мат Рибо има две победи (2006 и 2008), од кои втората во шампионската сезона. Дани Торес победи во 2007 година. Актуелниот шампион во Red Bull X-fighters, Џош Шихан, ќе ја пропушти првата трка оваа година, но ќе се врати за останатите четири станици од календарот со желба да го одбрани тронот.

Трката од Мексико Сити ќе се емитува во живо преку www.redbullxfighters.com како и на Ред Бул ТВ, со почеток во 21 часот и 30 минути по локално време (CST) на 6 март. Ред Бул ТВ е достапен преку поврзани тв апарати, играчки конзоли, мобилни и други уреди. За комплетна листа на поддржани апарати, посетете ја страната about.redbull.tv.

Листа на учесници: Ливај Шервуд (Нов Зеланд), Дани Торес (Шпанија), Том Паже (Франција), Мат Рибо (Швајцарија), Реми Бизар (Франција), Адам Џонс (САД), Клинтон Мур (САД), Хавиер Виљегас (Чиле), Броди Вилсон (САД), Ерик Руиз (Мексико), Џереми Руне (Франција) и Хери Бинк (Австралија).

Календар за 2015 година:

  • 06 март – Мексико Сити, Мексико
  • 12 јуни – Атина, Грција
  • 10 јули – Мадрид, Шпанија
  • 12 септември – Преторија, Јужна Африка
  • 30 октомври – Дубаи, ОАЕ

Извор: RedBull

Би можело да ве интересира

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Оваа серија ќе се оддржува за време на петте Европски Гран При трки и ќе се потпира на тимовите кои се веќе дел од MotoGP гаражата.

Возачот на Kawasaki, Џонатан Реа ја постигна втората победа во текот на викендот на трката која се возеше во Портимао.

Веќе некое време знаеме за BMW R1250GS 2019 но денеска, благодарение на промотивното видео за прв пат имавме можност да ја видиме оваа машина.

Kawasaki објави детали за два нови модели со зафатнина од 125cc.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!