Останато

Red Bull X-Fighters: Мур повторно победи, Паже падна во драматичното финале

Австралиецот Клинтон Мур стигна до втората победа во низа за 2015 година во светското првенство на Red Bull X-Fighters со епска победа против Французинот Томас Паже изборена пред 10-илјадната публика во Атина.

Следете нè на:

 

xfighters athens 3Клинтон Мур (Австралија) победи во Грција

Австралиецот Клинтон Мур стигна до втората победа во низа за 2015 година во светското првенство на Red Bull X-Fighters со епска победа против Французинот Томас Паже изборена пред 10-илјадната публика во Атина. Мур кој исто така победи на отворањето на сезоната во Мексико Сити, го оствари сонот на летната ноќ со возењето на најголемата патека во сезоната лоцирана среде рудник за бел мермер.

АТИНА, Грција – Во финалето коешто ја остави публиката без здив и ќе биде запаметено со векови, Мур беше апсолутно безгрешен на огромната патека во Атина вгнездена во рудникот за мермер Дионисос, со луди изведби на фигури што му помогна да го совлада шампионот од 2013 година, Томас Паже. Мур ја доведе публиката до лудило со брилијантно извршување на најспектакуларните трикови како што се „Bundy“ „The Flair“ и „Volt“, при што беше првиот возач кој го извел последниот трик со слетување без да го држи воланот.

xfighters athens 2Рудникот за мермер Дионисос беше одлична арена за X-Fighters возачите

Австралиецот Роб Аделберг го освои третото место во трката на најголемата патека оваа сезона, додека Французинот Давид Риналдо го направи најдобриот пласман во кариерата со финишот на четвртото место во фантастичната ноќ пред френетичната публика во Атина. Ланскиот шампион Џош Шихан го имаше својот прв настап во 2015 година и го освои петтото место.

- Чувствував голем стрес пред овој настан и имаше голем притисок врз мене околу доаѓањето во Атина. Успеав да се справам со тоа и да ги изведам најдобрите трикови коишто сакав да ги направам. Повторно победив, пресреќен сум, а ова е највчудоневидувачката патека што сум ја видел, - рече Мур, за кого што победата во Мексико воедно беше и прв случај да се пласира подалеку од четвртфиналето.

Паже беше исто така исклучителен и креативен во неговиот последен настап доведувајќи ја до совршенство изведбата на „Flair“ во верзијата наречена „Alley-oop“, во која прави двојно странично завртување во воздух, трик што за првпат е изведен на ова натпреварување. Меѓутоа, нешто не му појде од рака во изведбата на неговиот препознатлив трик „Bike flip“ во којшто го ротира моторот под себе, па мораше да се откаже додека беше во воздух, паѓајќи во белиот мермерен прав. Повторно се качи на моторот и го заврши својот настап со изведување на уште некој трик, но тоа не беше доволно за да го победи Мур.

xfighters athens 1На пиедесталот се искачија Клинтон Мур, Томас Паже и Роб Аделберг

По Мексико Сити и Атина, светското првенство на Red Bull X-Fighters се сели во Мадрид, кадешто на 10 јули ќе се одржи третата трка од годинешниов календар. Потоа ќе следи Преторија во Јужна Афика на 12 септември, а финалето на најпрестижната светска серија во мотокрос слободен стил ќе се одржи во Обединетите Арапски Емирати на 30 октомври.

Резултати: 1. Клинтон Мур (Австралија), 2. Томас Паже (Франција), 3. Роб Аделберг (Австралија), 4. Давид Риналдо (Франција), 5.        Џош Шихан (Австралија), 6. Дани Торес (Шпанија), 7. Адам Џонс (САД), 8. Ливај Шервуд (Нов Зеланд), 9. Реми Бизар (Франција), 10. Хавиер Вилегас (Чиле), 11. Ник Франклин (Нов Зеланд), 12. Крис Мејер (Шпанија)

Табела: 1. Мур 100 поени, 2.Паже 80 поени, 3. Шервуд 80 поени, 4. Аделберг 65 поени, 5. Риналдо 55 поени, 6. Торес 55 поени, 7. Бизар 45 поени, 8.      Шихан 45 поени, 9.          Џоунс 35 поени, 10. Вилегас 30 поени

 

Би можело да ве интересира

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Дождот кој обилно врнеше на трката во Силверстоун, ни овозможи да поразговараме со поранешниот Супербајк и MotoGP победник, Крис Вермулен.

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.