Тактиката на Red Bull KTM се покажа како добра по завршувањето на етапата. Деспре и Фариа го обезбедија првото и второто место во генералниот пласман на две трки до крајот кој е закажан за утре во Сантијаго, Чиле.

CYRIL DESPRES FRA

Тактиката на Red Bull KTM се покажа како добра по завршувањето на етапата. Деспре и Фариа го обезбедија првото и второто место во генералниот пласман на две трки до крајот кој е закажан за утре во Сантијаго, Чиле.

Тимската соработка беше на агендата на тимот на Red Bull KTM на 12-та етапа од релито Дакар 2013. Лидерот во генералниот пласман Сирил Деспре, соработуваше со неговиот тимски колега Португалецот Рубен Фариа, за да му помогне да оствари подобро време од ривалот на KTM Чалеко Лопез на етапата која се вози во Чиле.  

Тактиката се покажа како добра по завршувањето на етапата. Деспре и Фариа го обезбедија првото и второто место во генералниот пласман  на две трки до крајот кој е закажан за сабота во Сантијаго, Чиле. Фариа заостанува 5 минути и 39 секунди од времето на Деспре кога стигна на целта во Чопиапо, но поважно е дека Португалскиот возач доби околу 3 минути предност пред Лопез.

Деспре изјави дека првиот дел од етапата бил доста брз, а потоа возачите стигнале до големите дини на Атакама, каде што добрата навигација била одлучувачка.

Не сакав да ја почнам трката денеска прв па затоа ги пуштив другите возачи пред мене. Исто така за мене денеска беше важно да му помогнам на Рубен.  Тој ми помага мене на сите Дакар трки од 2012 до сега, па затоа денеска одлучив да му помогнам да остане на второто место во генералниот пласман. Мислам дека извозе добро и затоа сум задоволен.изјави Деспре

Холанѓанецот Фран Верховен победи на дванаесетата етапа од релито, а Фариа заврши како втор со заостанување од 1 минута и 38 секунди. Следен најбрз KTM возач беше Јакуб Прзгонски од Factory B тимот, кој заврши како 6-ти со заостанување од 4 минути. Тој исто така успеа да го забави Лопез кој заврши како седми. Возачот на KTM Factory, Јоан Педредо заврши на дванаесетото место а Деспре на четиринаесетото. Американскиот возач во тимот, Курт Касели извозе уште една добра трка и заврши со заостанување од 12,26 зад лидерот.  И покрај тешката казна од 3 часа и 20 секунди добиена во осмата етапа, тој сеуште е на 25тото место во неговиот прв настап на Дакар.

Денеска се вози претпоследната етапа од овогодинешното издание и возачите ќе се упатат кон Сантијаго. Трката ќе започне во Чопиапо на југ, а потоа долж пацифичкиот брег возачите треба да стигнат до Ла Серена. Етапата е долга 735 километри.

Back To Top