ss7jpСо денешната етапа, учесниците на релито Дакар ги поминаа Андите и преминаа на територија на Аргентина. Првиот возач од Калама стартуваше во 04:30 со цел да ги помине планините по патеката која достигна рекордна височина од 4.975 метри.

ss7jp

Со денешната етапа, учесниците на релито Дакар ги поминаа Андите и преминаа на територија на Аргентина. Првиот возач од Калама стартуваше во 04:30 со цел да ги помине планините по патеката која достигна рекордна височина од 4.975 метри.

Целта на денешната етапа беше да се зачува силата на возачите, но и да се зачуваат моторите бидејќи вечерва нема да им биде дозволено на возачите да добијат помош од тимовите. Вечерашната пауза дозволува возачите сами да ги прегледаат моторите и да си помагаат меѓусебно.

7-та етапа му припадна на Курт Кесел, замената за повредениот Марк Кома, кој финишираше пред Чалеко Лопез и Оливие Паин.

Според стратегијата на Хонда тимот, денешното возење за тројцата нивни возачи значеше штедење на машините и гумите за утрешниот специјален испит во должина од 492км. Најдобриот возач на Хонда, Хелдер Родригез денешната етапа ја заврши на 19-та позиција, и со тоа се најде на 11-та позиција во генералниот пласман. Зад него е Аргентинецот Хавиер на 12-та позиција, а третиот возач на Хонда, Џони Кембел етапата ја заврши на 70-та позиција, со што во генералниот пласман падна на 77. место.

Back To Top