Стантерот Рок Багорош успешно закрепнува од повредата на коленото со која се здоби пред два месеци, според динамиката на заздравувањето се очекува да се качи на мотор веќе во февруари.

1167206 10151800467970027 1488840393 o

Стантерот Рок Багорош успешно закрепнува од повредата на коленото со која се здоби пред два месеци, според динамиката на заздравувањето се очекува да се качи на мотор веќе во февруари.

Нашиот пријател Рок Багорош пред повеќе од два месеци доживеа пад при тренингот со својот КТМ во кој се здоби со посериозна повреда. Повредата на коленото всушност беше кинење на вкрстените лигаменти, болна повреда која тешко заздравува, но благодарение на еден од нај добрите словенски доктори Др. Матјаж Вогрин, Рок успешно се рехабилитира.

Во моментот сум на строг режим, програмата за рехабилитација ќе ми помогне да бидам повторно јак во 2014 година. Во последните недели мојата дневна рутина изгледа вака: се будам, одам на масажа, појадок, сесија во теретана, ручек, кус одмор, повторно во теретана овојпат на двојно потешка сесија.- изјави Рок

Без болка нема успех, тоа им е познато на сите спортисти, а за Рок тоа е реалноста во моментот, но како што вели и самиот, тоа е неговата инвестиција во телото, за повторно да биде она што бил. За Рок нема поголема радост од тоа да се врати на моторот и да ги забавува фановите, посебно затоа што секојдневно добива мејлови од фанови кои му посакуваат побрзо да закрепне.

Според сегашната динамика на заздравување, на Рок ќе му биде дозволено да се качи на мотор во февруари, тој, како и сите ние, со нетрпение го очекуваме враќањето на еден од нај талентираните млади стантери. 

За Рок прв пат пишувавме во 2009 година, кога го забележавме неговиот талент. Веднаш потоа на македонската јавност и стана познат по настапот во Скопје, заедно со најдобриот Светски стантер, Крис Фајфер. 

Back To Top