„HRC“ тимот потврди дека падот на Кејси Стонер на легендарната трка 8 часа Сузука е причинет од сајлата за гас која се заглавила.

stoner suzuka 2015

„HRC“ тимот потврди дека падот на Кејси Стонер на легендарната трка 8 часа Сузука е причинет од сајлата за гас која се заглавила.

Како што се вели во соопштението од тимот, по деталната анализа било заклучено дека падот на Стонер се должи на механички проблем, односно сајлата за гас. Сајлата која е со посебна спецификација за ендуранс моделите на HRC и не се користи во уличната верзија на CBR1000RR затаила, при што Австралискиот возач не бил во можност да ја намали брзината. 

Според тимот ова е прв проблем од ваков вид, но тие повеќе нема да ја користат оваа технологија на трките на издржливост и ќе развијат целосно нов систем за гас кој ќе се користи на следните трки. Тимот на крајот од соопштението му се извинува на Кејси Стонер и му се заблагодарува за неговиот ангажман на трката.

Во продолжение и видео од стартот на трката и падот на Кејси Стонер

Годинешната трка му припадна на тимот на Јамаха, кој извојува победа на легендарната патека Сузука во првата година по враќањето во ова натпреварување на издржливост.

Back To Top