Останато

„Стоп за ракот“ - кацига вредна 255.000€

Кацигата „Стоп за ракот“ која е потпишана од 12 Светски мото шампиони е дадена на аукција со рекордна цена од 255.000€ што ја прави најскапата кацига во светот. Сите средства од продажбата ќе бидат донирани на организации кои се борат против ракот.

Следете нè на:

 

kaciga1Кацигата која собра 255.000 евра на аукција 

Кацигата „Стоп за ракот“ која е потпишана од 12 Светски мото шампиони е дадена на аукција со рекордна цена од 255.000€ што ја прави најскапата кацига во светот. Сите средства од продажбата ќе бидат донирани на организации кои се борат против ракот.

Алберто Хернандез е шпански студент кој е огромен фан на моторите. Љубовта кон пасијата на две тркала го споила со Оскар Ксеро, член на LCR Honda тимот, со кој дошле до идеја да направат проект кој ќе ги финансира двете организации „AECC“ (Шпанска асоцијација за борба против ракот) и „Riders For Health“ (официјалната добротворна организација на МотоГП).

kaciga2Автограми од 12 Светски шампиони кои зад себе имаат 58 титули

Планот беше да се направи розева кацига, боја која се поврзува со многу истражувања против ракот, а потоа познати имиња од мото светот да ја потпишат кацигата. Според планот, потпишаната кацига треба да се постави на аукција, а парите собрани од продажбата да се донираат на организациите. Како што замислиле така и направиле.

Џакомо Агостини, Ангел Нието, Валентино Роси, Хорхе Лоренцо, Марк Маркез, Дани Педроса, Вејн Рејни, Лорис Капироси, Алекс Кривие, Вејн Гарднер, Скот Расел и Ренди Мамола. Ова се имињата на едни од нај големите мото шампиони кои ставија потпис на кацигата и кои ја поддржаа иницијативата. Кацигата доби одобрување и од Дорна, па заедно со имињата на шампионите кои зад себе имаат 58 Светски титули се наоѓа и потписот на Кармело Ецпелета.

kaciga3Директорот на CWM LCR Honda тимот е новиот сопственик на „Стоп за ракот“ кацигата

Благодарение на големата поддршка која ја доби проектот, кацигата за кусо време беше видена од повеќе од 10 милиони луѓе низ целиот свет. Откако беше објавена идејата во медиумите за неа дозна и претседателот на CWM LCR Honda тимот, Антони Константину, кој веднаш одлучил да се вклучи во аукцијата и понудил неверојатни 225.000 евра за неа.

„Со толку многу семејства кои се засегнати од ракот, важно е сите кои се во можност да ги здружат силите и да се обидат да направат нешто во врска со тоа. Тимот направи одлична работа со тоа што ја зголеми свесноста за болеста и се погрижи да дојде до средства за организациите. Јас сум среќен што сум дел од оваа одлична кауза и се надевам дека ќе бидам пример за другите луѓе да помогнат во борбата против ракот.“ - изјави Константину.

kaciga4Моторџиите собраа 255.000 евра за одлична кауза со која се зголемува свесноста за опасната болест

До денес „Стоп за ракот“ кацигата е најскапата што воопшто е продадена, а на аукцијата е собрана најголемата сума во мото светот. Аукцијата ги надмина очекувањата на присутните, а ги надмина и износите кои претходните кациги ги имаа добиено: Кацигата на Аиртон Сена во 2012 собра 94.200 евра, а онаа на Себастиан Фетел во 2013 беше продадена за 90.900 евра.

 

Би можело да ве интересира

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Пред вас е Suzuki GSX-R1000 – Ryuyo, супербајк кој има 209 коњски сили и тежина од 167 килограми. За жал, од овој модел ќе бидат произведени само 20 примероци кои ќе имаат цена од 29.990 евра.

Марк Маркез призна дека добро се справува со периодот во кој нема постигнато ниту една победа во премиерната класа.

Можеби тоа е само земја на слободи во однос на полуавтоматските оружја. Но се чини дека во иднина жителите на Америка нема да имаат избор во однос на тоа каков мотоцикл ќе можат да купат.

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!