Останато

Suzuki Gixxer куп, Сезона 3

Suzuki Gixxer купот ја започна својата трета сезона, како и секогаш со несебична поддршка од страна на Motul. Од 7-ми до 9-ти јули на патеката Кари во Коимбаторе (Индија), посетителите имаа можност да уживаат во новите аспекти кои ги воведоа организаторите со цел уште повеќе да го подобрат концептот на натпреварувањето.

Следете нè на:

 

Suzuki Gixxer купот ја започна својата трета сезона, како и секогаш со несебична поддршка од страна на Motul. Од 7-ми до 9-ти јули на патеката Кари во Коимбаторе (Индија), посетителите имаа можност да уживаат во новите аспекти кои ги воведоа организаторите со цел уште повеќе да го подобрат концептот на натпреварувањето.

suzuki gixxer cup returns at kari motor speedway

Но целта на самиот настан останува иста, да се потенцира квалитетот на Gixxer SF и да се претстават идните таленти. Suzuki Motorcycle India продолжува да ги поддржува талентираните возачи со идентични мотоцикли, специјално подготвени и  опремени со четири тактен, 155cc мотор кој има 15 коњски сили.

Оваа година настанот беше интегриран заедно со NRC шампионатот, една од главните серии во Индија и кој се организира под покровителство на Индиската асоцијација за автомобили и мотоцикли. Но она што е уште поважно е дека Suzuki Gixxer купот сега е резервиран за возачите кои имаат 17 или повеќе години. Оние пак на возраст помеѓу 12 и 16 години ќе бидат дел од дебитанскиот куп. Најдобрите возачи ќе имаат можност да заминат во Европа со цел повеќе да напредуваат.

Кај дебитантите, Џаден Гунавардена, чиј што брат Арон победи на 10 од 12-те трки минатата година, доминираше на двете трки.

Би можело да ве интересира

Во Хонда салонот на Макпетрол во Скопје пристигнаа два нови модела: Honda VFR1200X и CBR1000RR

На почетокот од сезоната Македонија беше домаќин на третата меѓународна-регионална ИПА мотоциклистичка средба на која присуствуваат активни полициски службеници и полициски ветерани од шест земји од регионот.

9-та рунда од МотоГП шампионатот викендов не води на патеката Захсенринг во Германија.

Дани Педроса официјално го објави своето повлекување од МотоГП трките, ова ќе биде последна сезона за шпанецот.

Логично е Дукати да „извади“ и соголена верзија од популарниот нов модел, но ќе мора да почекаме до саемите за мотоцикли оваа година за да видиме дали тоа ќе се претвори во реалност.

Ќе има нов Kawasaki Ninja ZX-6R како модел за сезоната 2019, тоа барем можеме да го потврдиме.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!