„Победивме на трката на која сите се сеќаваат“, беа зборовите на Михаел Данлоп по завршувањето на ТТ, а на која успеа да постигне победа со својот Bennetts Suzuki GSX-R1000.

„Победивме на трката на која сите се сеќаваат“, беа зборовите на Михаел Данлоп по завршувањето на ТТ, а на која успеа да постигне победа со својот Bennetts Suzuki GSX-R1000. Победата е уште поимпресивна ако се знае фактот дека Данлоп имаше ограничен број на кругови на големиот GSX-R. Сега, откако успеа да победи на најголемата трка оваа недела, тој за брзо време го заборави тој податок.

dunlopseniorwin

„Денеска невозможното стана возможно“ изјави Данлоп по завршувањето на трката. „Ова е комплетно нов мотоцикл. Стив, Стјуарт и останатите членови на екипата завршија голема работа за да се случи ова. Трката беше напорна и бев под голем притисок. Мотоциклот беше одличен. Имавме само мал проблем на стартот но сите ќе се сеќаваат на крајот. По малку им бев напорен на Стјуарт и Стив и сигурен сум дека за мене мислат дека сум идиот. Сакавме да се вратиме на трката и се вративме. Ја сопревме доминацијата.“

Back To Top