Останато

ТТ 2018: Потврден преминот на МекГинис во Norton

После неколку недели шпекулации и гласини, денеска беше потврдено дека Џон МекГинис ќе вози за Norton на 2018 Isle of Man TT.

Следете нè на:

 

Дваесет и три кратниот победник, со овој договор ќе се врати на трките за прв пат по страшната повреда која ја доживеа минатата година на North West 200. Иако долго време се шпекулираше дека ќе дојде до ваков договор, тој беше потпишан минатата недела.

„После повредата бев разочаран,“ изјави МекГинис. „Имав скршеница на грбот, неколку скршеници на ногата и не знаев дали ќе можам повторно да се качам на мотоцикл. Никогаш не сакав да ја завршам кариерата на таков начин. Возев како што и секогаш возам, но во еден момент се најдов надвор од патеката, на еден терен за голф, со скршена нога. А искрено, мразам голф. “

McGuinnessWeb1

„Ова беше еден долг и навистина грд процес, но во последните неколку недели состојбата значително ми се подобри. Кон крајот на декември бев на доктор и тој ми кажа дека моите повреди многу бргу заздравуваат.“

„Сега се чувствувам многу подобро. Физички и ментално сум подготвен да се тркам и конечно го гледам светлото на крајот на тунелот. Дефинитивно сум подготвен повторно да се тркам и овој договор има смисла. Од првиот пат кога се сретнав со Стјуарт можеше да се забележи некаква поврзаност. Имав доволно време минатата година да го запознаам мотоциклот и знам дека е способен да постигне добри резултати. “

Една работа која МекГинис ја напомена за време на нашиот разговор е тоа дека е далеку од пензија како што многумина зборуваа.

„Ќе биде потребно малку време за да се вратам во старата форма, но подготвен сум за предизвикот. Знам како функционира мотоциклот, а за време на паузата имав можност и да поминам голем број на кругови со помали модели. Секако дека имам и искуство.“

„Стјуарт не бара резултати, повеќе е фокусиран на развојот, но за мене резултатите се најважни. Јас не сум заинтересиран за да продавам мотоцикли, повеќе сакам кога ќе го отворам шампањското на крајот на трката.“

McWeb5

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.