Останато

TT 2018: Рекордна победа за Данлоп на Супербајк ТТ

Мајкл Данлоп успеа да стигне до неговата 16-та победа на Isle of Man TT.  Возачот на Tyco BMW на крајот заврши со удобна предност откако главниот ривал, Дин Харисон, кој имаше најголема брзина во првиот круг, се повлече во текот на четвртиот круг.

Следете нè на:

 

Откако покажа дека може да биде брз, Харисон го презеде водството од Глен Хелен и направи разлика од 3.7 секунди пред  Данлоп. Возачот на Smiths BMW, Питер Хикман беше трети.

Michael Dunlop Ballaugh Superbike 817

Мотоциклот на Харисон беше одличен и тој успеа да го урне рекордот на патеката откако постигна брзина од 216.347 километри на час.

Оваа брзина му овозможи на Харисон да направи разлика од 11.3 секунди пред Данлоп по завршувањето на првиот круг. Возачот на Padgetts Honda, Конор Каминс се најде на третото место по откажувањето на Питер Хакман.

После уште еден круг кој го извозе со брзина од 216 км/ч, Харисон ја зголеми предноста на 16.379 секунди. По излегувањето од гаражата, Данлоп почна да му се приближува на лидерот. По завршувањето на третиот круг, предноста меѓу двајцата возачи беше намалена на 11.5 секунди а веќе во следните два сектори, Данлоп дополнително ја намали предноста која ја имаше Харисон.

Се чинеше дека ќе имаме уште една историска ТТ трка, но таа заврши прерано откако Харисон се повлече. Ова му овозможи на Каминс да дојде до второто место додека пак Џејмс Хилер се искачи на третата позиција.

Возачот на Gulf BMW, Давид Џонсон беше четврти додека пак Мајкл Рутер и Ли Џонсон завршија  на петото и шестото место.

Мартин Џесоп беше седми и на крајот заврши пред Иван Линтин. Фил Кроуи беше девети а Џош Брукс, десетти.

RST SUPERBIKE

  1. Michael Dunlop – Tyco BMW
  2. Conor Cummins – Padgetts Honda
  3. James Hiller – Quattro JG Speedfit Kawasaki
  4. David Johnson – Gulf BMW
  5. Michael Rutter – Bathams BMW
  6. Lee Johnston – Honda Racing
  7. Martin Jessopp – Riders Motorcycles BMW
  8. Ivan Lintin – Dafabet Devitt Racing
  9. Phil Crowe – Fleetwood Grab BMW
  10. Josh Brookes – Norton Motorcycles 

Би можело да ве интересира

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Дождот кој обилно врнеше на трката во Силверстоун, ни овозможи да поразговараме со поранешниот Супербајк и MotoGP победник, Крис Вермулен.

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.