Останато

TT2018: Почина Ден Нин, ѕвездата од Супербајк шампионатот

Учесникот на Isle of Man TT, Ден Нин, почина по падот кој го имаше за време на тренингот кој се оддржа во пресрет на Супербајк трката, потврдија организаторите на настанот. 

Следете нè на:

 

Несреќата се случи за време на првиот круг од етапата долга 60 километри. Нин, кој возеше со неговиот Tyco BMW загина во близина на Churchtown.

Веднаш потоа се случи уште еден инцидент во кој беа вклучени безбедносното возило и еден натпреварувач. Возачот на мотоциклот веднаш беше пренесен во болница.

roadracing isle of man tt 2018 dan kneen 1

Во соопштението на организаторите се наведува:

„Со голема тага, ACU Events Ltd, мора да потврди дека Ден Нин, кој имаше 30 години, почина денеска после повредите кои ги доби за време на квалификациската сесија. Несреќата се случи во првиот круг и поради сериозноста на повредите Ден почина веднаш.Тој го имаше своето деби на планинаската етапа во 2008 година и успеа да победи на три трки- Junior,  Newcomers C и Ultra Lightweight MGP. Минатата година за време на Суперсток трката тој го освои својот прв ТТ подиум откако заврши на третото место. Најдобрата просечна брзина која ја постигна минатата година изнесуваше 209.773 км/ч. Оваа година, за време на последната квалификациска сесија, имаше брзина од 212.848 километри на час. Сакаме да им изразиме длабоко сочуство на неговата партнерка Лиен, неговото семејство и големиот број на пријатели кои ги имаше во и надвор од трките.“

Нин му се приклучи на Tyco BMW по импресивниот настап кој го имаше за време на Ulster Grand Prix во 2017 година кога го замени повредениот Иан Хачинсон.

Би можело да ве интересира

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Оваа серија ќе се оддржува за време на петте Европски Гран При трки и ќе се потпира на тимовите кои се веќе дел од MotoGP гаражата.

Возачот на Kawasaki, Џонатан Реа ја постигна втората победа во текот на викендот на трката која се возеше во Портимао.

Веќе некое време знаеме за BMW R1250GS 2019 но денеска, благодарение на промотивното видео за прв пат имавме можност да ја видиме оваа машина.

Kawasaki објави детали за два нови модели со зафатнина од 125cc.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!