Sledete go nasiot Facebook profilSledete ne preku nasiot Tweeter profil
Следете го нашиот Google+ профилSite sodrzini direktno vo vasiot RSS citac
Back Содржини Мотоспорт Motocross Мотокрос: Томовски трет во MX1

Мотокрос: Томовски трет во MX1

  • PDF
Момент од отворањето на тркатаМомент од отворањето на трката

Мотоциклистичката федерација на Македонија викендов беше домаќин на втората рунда од Источно-Европскиот шампионат во мотокрос. Трката која се одржа на одлично подготвената патека Милци во близината на Гевгелија беше домаќин на 57 натпреварувачи.

Во галеријата од викендот се додадени повеќе од 200 слики.

Најавата за повеќе од 100 натпреварувачи не се оствари. Споредено со петте наши претставници кои требаше да возат, а се појавија само двајца (Гоце Томовски и Мирче Ќорнаков) процентот на гостите кои допатуваа е во ред. Кристијан Илиоски како што беше најавено пред почетокот на трката не настапи заради финансиските проблеми, но останатите воопшто не се појавија или беа во својство на гледачи на патеката.

Класата МХ65 привлече големо вниманиеКласата МХ65 привлече големо внимание

Од сите двајца наши возачи Гоце Томовски со одличното возење во втората трка се избори за место на пиедесталот. Со ова Томовски се проби на втората позиција во генералниот пласман на  шампионатот веднаш зад Радуца од романија. 

Во останатите класи победија Томпа (Романија, МХ65), Иванов (Бугарија, МХ85), Керемидас (Грција, МХ3) и Кушев (Бугарија, МХ АТV).

Томовски ја воодушеви публикатаТомовски ја воодушеви публиката

Публиката по сончево време уживаше во атрактивни скокови во МХ1 и МХ2, мајсториите на возачите од АТВ класата, и аплаудираше на децата во класите МХ65 и 85, но најмногу се радуваше на пласманот на Томовски.

Условите на патеката беа одлични, а мотоциклистичката федерација доби одлични оценки од сите делегати на трката, претставувајќи ја Македонија во најдобро светло.

Следниот трет натпревар од отворениот Источно-Европскиот шампионат ќе се одржи во Кишињев, Молдавија на 17 и 18 април. 

Публиката проследи атрактивни скоковиПубликата проследи атрактивни скокови

Шампионатот на Македонија во мотокрос започнува со трката во Старо Негоричане „Забел" на 25 април. 

This content has been locked. You can no longer post any comment.

honda-baner_03honda-baner_04honda-baner_05honda-baner_06