
Миленикот на публиката Травис Пастрана е освојувач на два златни медали на последните X Games 16. Ѕвездата од Nitro Circus на натпреварувањето замина со повреда на клучната коска, а во интервјуто за RedBull.com изјави "и покрај повредата не ми е проблем да правам разни трикови и да ја исправам раката".
Во дисциплината Moto X Freestyle златниот медал го освои со "double black flip" и "one-handed wallride". Вториот медал го освои на последниот ден од натпреварувањата во Moto X Speed and Style каде заедно со Nate Adams се бореа во финалето.











