Ивчески на патеката во Кичево
Нашиот најдобар мотоциклист во класата до 600 кубици Слободан Ивчески викендов ќе учествува на Супермото натпреварот од првенството на Источна Европа, што ќе се вози во бугарскиот град Плевен.
- На овој натпревар, се чини, ќе бидам единствениот наш натпреварувач, бидејќи нема да се бодува и за Шампионатот во брзински мотоциклизам, што ги одвраќа македонските мотоциклисти да земат учество на овие трки.
Јас ќе настапам во класата С-опен до 1.000 кубици, и тоа со мотоцикл со кој не сум се натпреварувал веќе две сезони. И покрај овој хендикеп, очекувам добар пласман и добра презентација на македонскиот мотоцилизам - рече Ивчески, кој деновиве за првпат стана татко, откако неговата сопруга Маја го донесе на свет малиот Лео, што ќе му донесе дополнителна мотивација на патеката во Плевен.
извор: Вест
фото: Архива на Motori.com.mk













