Peter Lanz: Трагична смрт на младиот талент
Смртта на 13 годишниот Peter Lanz на патеката Индијанаполис во неделата го покренува прашањето: На која возраст е нормално да пуштите дете во брзински мотоспорт?
И покрај тоа што многумина мислат дека на ниедно дете не му е местото на патека со мотор кој развива троцифрена брзина, факт е дека илјадници деца секој викенд се тркаат на најразлични мото настани низ целиот свет. Според многу истражувања, без разлика дали се тоа трки со мотори, картинг, атв.. децата кои почнуваат помлади со натпреварувањата имаат поголеми шанси да станат професионалци. Според информациите на сајтот на Lenz, тој почнал да се натпреварува кога имал 5 години.
Lenz го возеше загревачкиот круг пред првата трка кога падна од својот моторцикл и беше прегазен од друг возач. Трката требаше да биде загревање за големото МотоГП кое подоцна се возеше на патеката. Индијанаполис е патека позната по Indianapolis 500 трка која започнала во 1911, а патеката која ја возат моторциклистите вклучува дел од оваа патека но е проширена со делови кои се покомплексни од нејзиниот стандарден овален лик.
По падот Lanz беше одведен во блиската болница каде по неколку часа беше констатирана неговата смрт. Неговиот татко на официјалниот сајт напиша: "Peter почина утринава откако беше прегазен од друг возач. Тој почина правејќи го она што го сакаше најмногу, а кога излезе на патеката го имаше неговото препознатливо "go fast" лице. Светот загуби едно од најсветлите точки денеска. Господ нека го благослови Peter и возачот кој учествуваше во несреќата. #45 сега е на друг пат, кој ние само можеме да се надеваме дека ќе го достигнеме. Ни недостигаш мал - Тато."













