Sledete go nasiot Facebook profilSledete ne preku nasiot Tweeter profil
Следете го нашиот Google+ профилSite sodrzini direktno vo vasiot RSS citac
Back Содржини Мотоспорт MotoGP Втора победа во низа за Педроса

Втора победа во низа за Педроса

  • PDF

Дани Педроса ја извојува втората победа во низа на патеката Мисано за ГН на Сан Марино. Хорхе Лоренцо ја заврши трката на втората позиција, а Валентино Роси се искачи на подиумот како третопласиран.

Втора победа во низа за ПедросаВтора победа во низа за Педроса

На почетокот од трката Ники Хејден го удри Лорис Капироси во вториот свиок, а по падот на двајцата само Хејден ја продолжи трката од последното место. Бен Спиз имаше лош старт од четвртата позиција па во првиот круг отиде надолу до 10-та позиција.

Лоренцо уште во првиот круг го мина Стонер, а потоа и Роси се обиде да го стори истото но австралијанецот ја подобри формата па во следните неколку кругови се залепи до Лоренцо а се одвои од Докторот.

Лоренцо на патеката Мисано 2010Лоренцо на патеката Мисано 2010

Заради проблеми со моторот по падот, Хејден влезе во боксот на 25 круга до крајот што значеше и крај на трката за него.

Педроса постојано возеше најбрзи кругови па направи разлика од 2.5 секунди пред Лоренцо на 23 кругови до крајот.

Зад Роси на петата позиција Довициозо успешно го следеше неговото возење и разликата помеѓу нив двајца беше помала од половина секунда.

Докторот во вистинско изданиеДокторот во вистинско издание

Во продолжение од трката Педроса ја зголеми разликата на 3 секунди пред второпласираниот Лоренцо, Стонер на третата позиција почна да го губи темпото па Роси почна да се доближува до него, а Довициозо сеуште возеше во челната група на петата позиција. Во тој момент ја проследивме и борбата помеѓу Роси и Стонер кои успеаја да си ги замената позициите на кратко но Кејси успеа веднаш да си ја врати позицијата.

Во 11 круг Роси конечно успеа да го помине Стонер и да ја задржи третата позиција, а зад Стонер го следевме Довициозо кој атакуваше на четвртата позиција, за во следниот круг и тој да го мине австралијанецот.

Одлично возење на ДовициозоОдлично возење на Довициозо

Во меѓувреме Бен Спиз имаше одлични возења и на 10 круга до крајот успеа да стаса до 6-та позиција. Во продолжение следевме трка на групирани мотори, Педроза веќе имаше разлика од 5 секунди, првата петорка завршуваше до Стонер кој беше 11 секунди пред Спиз кој возеше пред својот клубски колега Колин Едвардс. Во задниот дел од колоната ги следевме Баутиста, Барбера, Меландри, Еспергаро, Де Пуние и Аојама во временски интервал од две секунди, а на опашот останаа Симончели и Калио.

Лош старт но одлично возење за СпизЛош старт но одлично возење за Спиз

Резултати од трката:

Следната трка се вози на 19 септември, на патеката Арагон во Шпанија.

This content has been locked. You can no longer post any comment.

honda-baner_03honda-baner_04honda-baner_05honda-baner_06