Ducati се повлекува од WSBKДукати официјално потврди дека од следната година се повлекува како фабрички тим во WSBK шампионатот. "Дукати ќе ги фокусира техничките ресурси на развој на нови мотори и во 2011 нема да настапи на WSBK како официјален тим".
Тимот на Дукати кој учествуваше на World Superbike Championship од неговиот почеток во 1988, притоа освојувајќи 16 конструкторски титули и 13 од нивните возачи, реши да го намали учеството и ќе се ограничи само на поддршка за сателитските и приватните тимови.
"Одлуката е дел од стратегиската определба на Дукати да се насочи во развој на нови модели на мотори кои ќе излезат на пазарот во следните години. Техничките ресурси кои ги имаме во моментот се ангажирани на WSBK ", па одлучивме следната година да ги употребиме за развој на хиперспорт модели кои ќе се возат по улиците но и за развој на тркачки мотори." - изјави Gabriele Del Torchio, претседателот на Дукати.
"Би сакал да им се заблагодарам и на возачите, Nori и Michel но и сите останати кои придонесоа за успехот на Дукати низ годините, а највеќе на сите вработени во Дукати. Нивната напорна работа и професионализам овозможија да ги постигнеме големите резултати и да го запишеме Дукати во историјата на супербајкот."
На крајот Gabriele Del Torchio им се заблагодари и на спонзорите пред се на Xerox, но и на одговорните лица од FIM, со кои според него остануваат во постојана конструктивна комуникација.













