Мото рели Македонија
Релито Македонија 2010 ќе се одржи од 3 - 5 септември со почеток во петок (3 септември) во 10 часот од плоштадот Македонија во Скопје. Пријавувањето е отворено до 1-ви септември, па побрзајте со пријавите.
Програма на 19-то Мото рели „Македонија – Независност 2010“
19-то то меѓународно мото рели „Македонија – Независност 2010" ќе биде организирано на 3, 4 и 5 септември / петок, сабота и недела/ 2010 година.
Организатор: Мотоциклистичка федерација на Македонија во соработка со Сојузот на спортови на Скопје, преку Организационен одбор.
Патронат: Влада на Република Македонија,
Покровители: Градот Скопје и Агенцијата за млади и спорт на Р.М.
Со-организатори; Министерството за внатрешни работи на Р.М., и општините; Велес, Свети Николе, Карбинци, Штип, Радовиш, Струмица, Дојран, Гевгелија, Кавадарци, Крушево, Ресен, Охрид, Струга, Кичево и општина Центар - Скопје и Градот Скопје.
Маршрута: - на 3.09. / петок/ 1-ва етапа; Скопје, Велес, Свети Николе, Штип, Радовиш, Струмица, Дојран = 230 км.
- на 4.09. /сабота/ 2-ра етапа; Дојран, Гевгелија, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Крушево, Ресен, Галичица, Охрид /Струга = 260 км.
- на 5. 09. /недела/, 3-та етапа; Охрид/Струга, Кичево, Стража, Скопје = 170 км.
Стартни пакети: маици, билтен, стартни броеви, сендвичи на полуетепите.
Котизација: За клубови-членки на МФМ: за возачи по 600 денари, а за совозачите по 300 денари.
За останати клубови и за поединци: за возачи по 1.500 денари, а за совозачите по 1.000 денари.
За странци: за возачи 10 евра, за совозачи 5 евра.
Ветерани над 65 години, бесплатна котизација.
Стартот е на 3.09. на Плоштад Македонија во Скопје од 10.00 часот.
Пријавувањето е до 1.09.
Превземи:
- Пријава за Мото Рели Македонија 2010 за клубови















