Sledete go nasiot Facebook profilSledete ne preku nasiot Tweeter profil
Следете го нашиот Google+ профилSite sodrzini direktno vo vasiot RSS citac
Back Содржини Новости Домашни 19-то Мото Рели Македонија

19-то Мото Рели Македонија

  • PDF

press-reli-makedonija
Во организација на Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ), под патронат на Владата на Р. Македонија, а со поддршка од Градот Скопје, Агенцијата за млади и спорт (АМС) и Сојузот на спортови на Град Скопје, по повод денот на независноста на Република Македонија, од 3 до 5 септември ќе се одржи  19-тото традиционалното меѓународно мото рели „ Македонија - Независност 2010“.

Годинешното мото рели ќе стартува во 10 часот на 3 септември (петок) од Плоштадот Македонија во Скопје. Потоа колоната мотоциклисти преку Велес, Свети Николе, Карбинци, Штип и Радовиш ќе се упати кон целта на првата етапа во Дојран. За втората етапа на 4 септември (сабота) предвидено е после стартот во Дојран мотоциклистите да минат низ Гевгелија, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Крушево, Ресен и Галичица кон целта на вториот ден – Охрид. За последниот, трет ден предвидено е минување низ Кичево, а целта ќе биде на истото место како и стартот на 5 септември (недела) околу 15 часот. Вкупната должина на релито е околу 780 километри.

Релито нема натпреварувачки карактер, а главна цел е туристичка промоција на Република Македонија кај странските и домашните учесници, како и промоција на мотоциклизмот низ целата наша држава. Сепак, предвидени се е и почесни награда - пехари (за најбројни екипи од странство и Македонија, за најстар и најмлад учесник, за најатрактивен и најстар мотоцикл, за странец со најголема километража и сл.) и признанија за сите клубови учесници на релито.

Организаторот очекува на мото релито да учествуваат околу 500 мотоциклисти (400 возачи и 100 совозачи) од Македонија, како и од десеттина европски земји. Но веројатно бројот на пријавени ќе биде половина од очекуваното бидејќи неколку клубови се одлучија целосно да го бојкотираат релито и МФМ заради големата разлика во котизацијата за клубовите кои не се членки на МФМ како и за моторциклистите поединци. Клубовите кои ќе го бојкотираат релито како причина го споменуваат и доцното објавување на информациите за Рели Македонија на што организаторот одговори дека немале стартни средства за почеток на релито. Сите надлежни институции биле презадолжени па Федерацијата чекала потврда дека сепак ќе добијат средства за организација на релито што доведе до тоа МФМ да ги започне подготовките на само 10 дена пред почетокот на релито.

На нашето прашање во однос на промената на рутата ни беше одговорено дека низ Велес не е поминато 10 години па одсега секоја година ќе се менува рутата со цел сите градови да бидат соодветно опфатени, при што беа споменати и Свети Николе и Кавадарци низ кое годинава има само минување на сметка на застанувањето во Гевгелија. Побаравме и одговор дали МФМ соработува со клубовите од градовите низ кои се вози релито за дочекот на моторциклистите на што ни беше кажано дека тие контактирале со сите клубови и дека ќе имаат помош од локалните клубови во секој град.

This content has been locked. You can no longer post any comment.

honda-baner_03honda-baner_04honda-baner_05honda-baner_06