Piaggio MP3 Light
Гамата на скутери со три тркала од Piaggio во 2011 ќе се збогати со уште еден модел - Piaggio MP3 Light. Новиот модел всушност ќе претставува Piaggio Beverly со три тркала, слично на операцијата кога X8 стана XEvo.
Piaggio MP3 Light ќе излезе на пазарот во 2011, а ќе му помогне на Piaggio да се консолидира во Италија, но исто така и во Франција и Шпанија каде котира слабо на пазарот.
Новиот модел ќе се произведува со мотор со зафатнина од 125 и 300цц, бидејќи во Италија не е потребна А2 и А3 категорија на возачка дозвола за овие мотори, за разлика од моделите со зафатнина од 400цц.













