
Априлија го додаде моделот RS 125 во гамата реплики на SBK Aprilia Alitalia 2010. RS со текот на годините прерасна во најпрепознатлив двотактен мотор во класата до 125цц. Двотактен мотор со еден цилиндар, прекрасна на изглед, ригиден алуминиумски рам, одлични кочници...
Во моделите кои се брендирани од Alitalia се вклучени и спортскиот скутер SR50, и моторите RS50 i RS125. Цените кои се препорачани од производителот за овие модели се следните: SR 50 R SBK '10 до 2680 евра, SR 50 R Factory SBK ' 10 до 2850 евра, SBK Replica RS 50 и RS 125 од 3,720 до 5,500 евра за Replica SBK.














