1% и во Македонија
Моторџиските банди Hells Angels и Bandidos ги шират своите операции во Албанија, Македонија, Бугарија и Турција, извести Europol, Европска полициска известувачка служба. Според извештајот, ширењето на бандите е есктремно брзо, а членовите на овие групи се склони кон криминални активности.
Според Europol, овие групи најчесто се вклучени во изнудување пари и рекетарство, потоа убиства, организирани кражби, финансиски криминал, проституција и трговија со дрога.
Еуропол исто така известува и дека паралелно со активностите на бандите, тие започнале проект кој ќе им помогне на локалните полициски служби да ги сузбијат овие појави и успешно да се справат со нив.
Извештајот ги спомнува и алијансите на овие клубови кои преку познатата "Балканска рута" пренесуваат дрога од Турција, преку Бугарија низ земјите од поранешна Југославија, вклучувајќи ја и нашата земја.
Понатаму во извештајот може да се прочита дека Hells Angels веќе користат мерки за приближување кон влијателни личности во овие подрачја, како и методи на создавање на позитивна слика за нив преку текстови во медиумите и појавување на ТВ.
За крај Europol ги повикува полициските служби на засегнатите земји на координирани и органзирани акции, потсетувајќи ги дека Bandidos и Hells Angels имаат дебело досие зад себе низ целиот свет.
И сега, МК или MC?
















