Shakira на мотор
И покрај тоа што насловот на текстот не навестува ништо моторџиско, популарната пејачка Шакира ќе добие казна заради снимање на новиот видео спот во кој таа се вози на мотор без кацига.
Спотот се снимаше во Барселона, а тамошните власти најавуваат казна за популарната пејачка која е во улога на моторџика. Според нив пејачката е јавна личност која со овој акт ќе остави лош пример за останатите, а носењето на кацига во Шпанија е задолжително.
Освен казната од Барселона, Шакира се соочува и со остри критики од јавноста бидејќи го снимила спотот на мотор на кој е испишан бројот "666". Според неинформираните, со ова Шакира го фаворизирала ѓаволот.













