Sledete go nasiot Facebook profilSledete ne preku nasiot Tweeter profil
Следете го нашиот Google+ профилSite sodrzini direktno vo vasiot RSS citac
Back Содржини Задолжително Колумни Коментар после трката

Коментар после трката

  • PDF

Еве помина некое време од репортажата за трката и мора да кажам мило ми е што предизвика толкаво внимание и се разви дискусија. Имаше и понекоја провокација и се заостри комуникацијата. После таков интерес, ќе објаснам неколку работи. Во тој текст напишав "во друга прилика" бидејки текстот ќе личеше на добра писмена работа со промашена тема и ептен ќе скренеше од репортажа за трката.

mirce-2.jpgmirce-2.jpg

Инаку за подобро запознавање ќе кажам некои биографски моменти за себе, со цел подобро запознавање на причините за моите ставови. Со мотокрос почнав да се бавам како гимназијалец пред 20 години, и се заљубив во тој спорт гледајки трки на телевизија. Од тогаш до денес, со мали прекини, учествувам на трки и станав првак на Македонија многу пати.. За таа моја љубов сум потрошил многу пари, и на родителите и од спонзори и свои. Страста продолжува и ја пренесувам на своите деца, кои не ги форсирам и оставам времето да каже дали ќе се занимават сериозно или рекреативно.

До денешен ден - значи за моето интензивно бавење со овој спорт од државата или АМСМ или сега МФМ, не сум добил ниту 1 денар. Не се жалам, иако сум бил искористуван со цел на добивање пари за на трки, кои другите ги добивале, а јас не. И тоа не баш занемарливи суми. Ова ми е исклучително важно да го напоменам за да луѓето сфатат дека ова јас го правам од љубов, а не да стекнам материјална корист или слава. Но тоа што не е фер не е фер. Последните 5-6 години немаме најдено никаков спонзор и целокупното бавење со мотокрос е финансирано од мојот труд.

Мирче ЌорнаковМирче Ќорнаков

Доста време чекав да некој проговори за состојбите во спортот и да почне да пишува и да го популаризира мотокросот и на крај се решив јас да пишувам за тоа. По убедување сум за тоа да достоинството на Македонија, претставувано во сите сфери, мора да го браниме сите, и заедно и поединачно. Ние преку нашето спортување со трките и дома и во странство. Затоа тешко ми паѓа кога се понижуваме пред светот, а дома сме како гости. Во тој контекст и беше мојот текст. Но како и во другите работи така и во мотокросот. Ние сме си македонци, кога треба не си помагаме, а ако треба ќе се тепаме, само ако противникот е друг македонец. Поаѓајќи од моите ставови, неможам да разберам како некој може да има оправдување за тоа дома да вика "фиром" или "дис кантри". А треба да го одбраниме името надвор?! Со кој? Доста се толерираа типови со пластелински карактеристики и крајно време е да се постават работите на цврста основа. Ова важи како во нашите моторџиски организации така и во останатите сегменти од нашето живеење.

Инаку кога веќе се организира трка од калибар на Источно-европски шампионат, значи се трошат пари од Македонија, мора да ни биде важно каков ефект ќе се постигне од потрошените пари. Мислам дека е многу важно земјата домаќин да се претстави достоинствено, со убаво знаме, химната да ја ислушаат сите, да се каже Македонија гласно, а не "дис кантри" итн.

Но, останува да видиме дали нешто ќе се промени кон подобро и почнеме активно преку моторџиството да го даваме нашиот допринос кон среќен исход на сагата за Македонија.

Мирче  Ќорнаков
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
 

Коментирај

Безбедносен код
Освежи

honda-baner_03honda-baner_04honda-baner_05honda-baner_06