Првиот мотор во светот бил направен во 1885
Мотоциклот го слави својот 125 роденден, а германските медиуми потсетуваат на првиот модел, со дрвена конструкција и исто така дрвени тркала, кој во своето време бил сметан за вистинско "чудо".
Познат како "татко" на моторите со внатрешно согорување, германецот Готлиб Дајмлер во соработка со Вилхелм Мајбах, во 1885 го произвеле првиот мотоцикл опремен со таков тип на мотор.
Првиот мотоцикл го движел едноцилиндричен четворократен мотор со погон на бензин.
Дајмлер својот патент го заштитил на 29. август 1885 година, но подоцна се покажало дека мотоциклот "Petroleum Rajtvagen" не е доволно силен, нестабилен е, и тежок за возење.
Дајмлер се одлучил да ја напушти идеата за мотоциклот, и се насочил кон производство на "кочија без коњ" или автомобилите.
"Petroleum Rajtvagen" и денеска се наоѓа во музејот "Dajmler-Benc", во градот Штутгард.
Сонот на Дајмлер бил неговите мотори да му служат на човештвото, и доживеал да види дека тие се користат на земјата, во водата и во воздухот.
Инжинерот умрел три години пред првиот лет на браќата Рајт, но доживеал да види како неговите мотори движат летечки балон, моторен чамец, и секако автомобил.
Извор: ЗаЗабава














