Sledete go nasiot Facebook profilSledete ne preku nasiot Tweeter profil
Следете го нашиот Google+ профилSite sodrzini direktno vo vasiot RSS citac
Back Содржини Тестови Мотори Нов скутер за 450 евра?

Нов скутер за 450 евра?

  • PDF

Точно така, добро прочитавте во насловот, новиот модел кој пристигна во продажните места на Hamachi се продава по неверојатна цена од само 450 евра. Бевме љубопитни да дознаеме што може да се добие за овие пари, па побаравме и добивме примерок на тест.

Кинеските производители ја увидоа можноста за заработка во време на светската финансиска криза. Изработката на супер-евтини скутери достапни за сечиј џеб е клучниот пат до успехот. Со пуштањето во продажба на моделот LF100-2H кој освен со ниската цена, може да се пофали и со најниска потрошувачка, тие се на добар пат да го остварат тоа.

Изгледот не му е најсилна странаИзгледот не му е најсилна страна

Скутерот го придвижува погонска единица со зафатнина од 97 сантиметри кубни и сила од 5,3 киловати, а се работи за копија на агрегатот кој Honda го вградува во своите некогаш популарни скутери Super Cub. Моделот е познат и како C100 или Honda Innova серија (Wave) чиј лик всушност и е ископиран.

Агрегатот издржа на пазарот повеќе од 50 години од неговото прво појавување пред сé поради издржливоста по која е карактеристичен. Важи за мотор за кој ќе заборавите каде ви е сервисот бидејќи нема да имате потреба да го посетите.

Копија на Super CubКопија на Super Cub

Скутерот доаѓа со полуавтоматски менувач со 4 брзини за кој ќе ви треба подолго време да го навикнете. Имено, станува збор за ротирачки/цикличен менувач (N-1-2-3-4-N...) кој е одличен за возење од семафор до семафор, но не и на подолга релација. За среќа кај нас законот не дозволува управување на мотор со помала зафатнина од 125 сантиметри кубни по автопат. Замислете како би изгледало кога возејќи во 4-та брзина ги достигнувате максималните вртежи и природно ви доаѓа да префрлите во поголема брзина, но наместо во петтата брзина, менувачот оди во лер! Во паника менувате уште една брзина надолу и тука ве чека првата брзина, а скутерот се движи со преку 80 километри на час. 

Менувач на кој треба да внимаватеМенувач на кој треба да внимавате

Доколку возите било каков мотоцикл со автоматски менувач, ќе ви биде тешко да се навикнете на овој менувач, а доколку пак ова ви е прв мотор со брзини, по него ќе имате проблем да се навикнете на стандарден менувач.

Акцентот на скутерот е ставен на техничкиот дел, затоа и не треба да очекувате многу од изгледот. Големите бандажи овозможуваат подобро управување на скутерот по нерамен пат, како и поголема стабилност при повисока брзина. Димензиите на скутерот се 1920/620/1100 mm, а меѓуоскиното растојание е 1220 милиометри.

Димензиите на скутерот се 1920-620-1100 mmДимензиите на скутерот се 1920-620-1100 mm

Системот за сопирање е составен од диск-сопирачки напред и барабан сопирачки назад, кои се сосема на нивото на задачата. Гумите се доволно добри за секојдневно возење. И покрај тоа што се тенки, без проблем се справуваат со тежината на моторот од 94 килограми. Сепак, доколку имате совозач не заборавајте да ги поднапумпате гумите.

Репортажата можете да ја најдете во најновиот број на "AutoFocus"    

Тест-возењето го завршивме со измешани емоции. Трајноста на моторот и издржливоста е нешто за што сигурно нема да се нервирате, единствено треба да се привикнете на менувачот со празен од по четвртата брзина, и прва брзина веднаш потоа. Изгледот не му е најсилна страна, но затоа потрошувачката е нешто со што ќе може да се пофалите. И за крај, се работи за скутер кој сте го купиле за 450 евра.

Но затоа пак моторот може да се пофали со издржливостаНо затоа пак моторот може да се пофали со издржливоста

Фото: Кристијан Ивановски

Коментирај

Безбедносен код
Освежи

honda-baner_03honda-baner_04honda-baner_05honda-baner_06