Електронската
контрола влегува во целата слика со надгледување на брз
ината на тркалата преку
сензори поставени на секое тркало, постојано барајќи необично нагло намалување
на брзината. АБС мозокот "знае" (преку параметрите кои се претходно испрограмирани и запишани
во процесорот) дека во одредена точка наглото намалување на брзината ќе доведе
до заклучување на тркалото.
Пред да се случи ова, процесорот на АБС-от ќе ги затвори вентилите во контролната единица притоа овозможувајќи му на притисокот во кочницата да падне доволно за тркалото да не ја намали брзината до точка до која ќе се заклучи. Во тој момент вентилот се отвора за притисокот повторно да порасне, што допринесува за уште еден обид за сопирање без заклучување на тркалото.
Едноставна компарација за АБС системот е дека процесорот е вратар кој по потреба ја отвора вратата помеѓу вентилот за контрола на притисокот и сопирачките клешти. Тој ја следи брзината на тркалото, при нагло намалување на брзината го намалува притисокот на течноста до степен до кој не може да се заклучи тркалото и веднаш го зголемува притисокот на нивото на кое бил на почетокот. Ова се случува навистина брзо, отприлика 15 пати во секунда па затоа и некои АБС системи доаѓаат со пумпа која го зголемува притисокот побрзо отколку стандардната.
тестирање на c-abs системот
Што е разликата помеѓу стандарден ABS и C-ABS (Combined Anti-lock Braking System) системот на Хонда?
За почеток
да кажеме дека при правењето на овој систем Хонда сакаше да го постигне
следното:
1. Да
овозможи целосно користење на перформансите на кочниците во реално време
2. Да ја задржи стабилноста на моторот при кочење
3. Помала реакција на шасијата при активирање на АБС системот
cabs5.jpgАко го
анализирате новиот систем ќе помислите дека вашето притискање на рачката за
кочење воопшто не пренесува притисок на сопирачките клешти. Ова е од причина
што новиот систем е толку сложен што само тимот од Јапонија кој го создаде знае
точно како функционира. Она што ние можеме да го кажеме е дека притискањето на
рачката за кочење значи активирање на двата системи (на предното и на задното
тркало) во процент кој компјутерот го одредува според зададената ситуација.
Доколку на ова го дадете и фактот што самиот систем работи три пати побрзо од
досегашниот најбрз систем, ќе ви стане јасно за колку рапидно кочење станува
збор.
Она што Хонда го постигна е:
1. Рапидно (забрзано) кочење
2. Одлично кочење во тешки услови (мокар асфалт, прашина..)
3. Кочење при навалување на моторот
Едноставно кажано Хонда овозможи непречено да управувате со моторот во кривина,
додека кочите. Кочењето додека врне повеќе не е кошмар, а и кочењето на правлив
пат е лесно како возење точак со помошни тркала.
Првите C-ABS системи Хонда ги нуди како опција за CBR600RR и CBR1000RR моделите за 2009 година.
кочење со новиот систем c-absКочењето со новиот Honda C-ABS систем на мокар асфалт со 150км/ч и целосно притискање на двете кочници помина без никакви проблеми.
Сепак Хонда својот изум не го дава бесплатно, па стандардните верзии на моторите доаѓаат со стандарден механизам за кочење. Оние кои ќе сакаат да го имаат врвот од технологијата на својот миленик ќе треба да одвојат дополнителни 1000 евра, веројатно најдобро потрошените 1000 евра во животот.
Од друга страна, според изјавите од фабриката почнувајќи од 2010 година секој мотор над 250цц во стандардна опрема ќе го содржи C-ABS системот, со цел да се зголеми безбедноста на мотоциклистите.
Браво за Хонда.













