Тестови

Наш тест: Hyosung GT650R

thumb_Hyosung-2011-1Доколку ги земеме во предвид цените на “јапонците”, разбирливо е зошто секој трет моторџија размислува за алтернативно решение. Сакајќи да им излезе во пресрет на оние луѓе чиј буџет не им дозволува да одвојат петоцифрена сума за брзинец, дечките од Максима започнаа со увоз на корејскиот бренд Hyosung.

Следете нè на:

 

Hyosung-2011-1

Доколку ги земеме во предвид цените на “јапонците”, разбирливо е зошто секој трет моторџија размислува за алтернативно решение. Сакајќи да им излезе во пресрет на оние луѓе чиј буџет не им дозволува да одвојат петоцифрена сума за брзинец, дечките од Максима започнаа со увоз на корејскиот бренд Hyosung. Веднаш откако пристигна првата пратка на нови модели од прекрасниот GTR650R побаравме и добивме на тест одличен црвен примерок.

Hyosung-2011-12Бидејќи GTR650R се декларира како брзинец се одлучив првото “кругче” да го направам по свиоците на Водно, онака облечен ко за на кафе, колку да видам дали воопшто ќе има потреба да облекувам јакна.

Моторот на GTR е копија (направен по лиценца на Сузуки) на добро познатиот Suzuki SV650, твин мотор со зафатнина од 649цц кој развива 79кс при 9250 вртежи во минута кои се одлично распоредени низ брзините и овозможуваат добро забрзување. Ова е важно бидејќи немате потреба постојано да ги менувате брзините, доколку сакате да поминете некој автомобил доволно е да ја навртите рачката за гас, без притоа да менувате една брзина подоле. Нешто што го увидов на патот кон Водно е забрзувањето кое го има моторот, а кое позитивно ме изненади имајќи во предвид дека гледав прилично скептично на брзинец со 79кс.

Првите свиоци ги поминав со недоверба кон циклистиката, не затоа што го доведов моторот до неговиот лимит туку едноставно психичката бариера не ми дозволуваше да се опуштам, сепак возев Hyosung, според зборовите на неупатените “кинески мотор”. Она што го увидов веќе во следната кривина е дека Hyosung има циклистика која може и тоа како да се држи рамо до рамо со врвните марки на моторцикли! Всушност, држењето во кривини е толку добро што на моменти заборавав дека возам во куси пантолони и маичка со кратки ракави па сликите кои ги улови нашиот фотограф се за човек да се засрами.

Hyosung-2011-2a

Враќањето од Водно ме натера да ја облечам заштитната опрема, и да го продолжам тестот на отворен пат, следуваше мерење на силите. Пропратно, возењето низ центарот на Скопје беше вистинско задоволство, управувањето е лесно, забрзувањето го крева адреналинот, а кочењето е одлично. Моторот дефинитивно врти глави, комбинацијата на бои и невообичаениот изглед е добитна комбинација.

Hyosung-2011-11Она што на момент ме загрижи е трокирањето кое е присутно при навртување на рачката за гас при мала брзина на движење во повисока брзина. Доколку се обидете да дадете гас додека возите со 20 км/ч, а притоа менувачот е во втора брзина, трокирањето може да резултира и со гаснење на моторот. Во секој случај еднаш кога ќе се навикнете на новиот режим на возење, проблемот е помалку приметлив и не пречи во возењето.

Обиколницата околу Скопје е идеално место за пробување на поголема брзина па Hyosung-от успеавме да го измериме до 210км/ч, брзина која е доволна за нашите патишта, но мала за класата на брзински моторцикли. Вибрациите кои се јавуваат на голема брзина се прилично досадни, во Hyosung треба да најдат начин како да ги редуцираат вибрациите. Ништо не и недостасува на динамиката на возење, одличната суспензија составена од предни 41мм upside-down вилушки и заден моно амортизер функционира беспрекорно. Дури и при голем степен на навалување поминувањето низ нерамнини на патот со голема брзина воопшто не влијаат на стабилноста на моторот.

Hyosung-2011-13

Целосната изработка и квалитетот на моторот не е на највисоко ниво, се разликува од она на што сме навикнати да го гледаме кај врвните Јапонски и Европски производители на мотори, но тука е и цената која е повеќе од двојно пониска за моторцикл од истата класа. Како што велат по искусните, колку пари - толку музика. Доколку можете да ги игнорирате неколкуте ситни забелешки, Hyosung GT650R е одличен мотор за цена од 5490 евра. Моторот нема најголема крајна брзина, но затоа пак нуди одлични возни својства, забрзување кое врши работа, суспензија која ги трпи и најголемите промени на тежината по свиоците и кочници кои влеваат сигурност во возењето. На прашањето дали е подобро да се купи нов “Кореец” или половен “Јапонец” за истите пари, мојот коментар е – ново си е ново.

Општи информации
Модел: Hyosung GT650R EFI
Година: 2011
Категорија: Моторцикл
Рејтинг: rating_star_full rating_star_full rating_star_full rating_star_full rating_star_full
Цена: 5.490 €
Мотор и пренос
Зафатнина: 647.00 ccm
Тип на мотор: V-twin, четворотактен
Моќност: 79.00 HP (57.7 kW)) @ 9250 RPM
Торзионен момент: 66.88 Nm (6.8 kgf-m) @ 7250 RPM
Компресија: 11.6:1
Бензински систем: Вбризгувачки
Контрола на гориво: DOHC
Палење: CDI
Систем на ладење: Течност
Пренос: Ланец
Шасија, суспензија, тркала и кочници
Предна суспензија: 41mm "upside down" телескопски вилушки
Задна суспензија: Хидрауличен моно амортизер
Предна гума: 120/60 ZR-17 55W
Задна гума: 160/60 ZR-17 69W
Предна кочница: Двоен диск
Дијаметар на предниот диск:

300mm перфориран диск со комбинирани хидраулични четвороклипни клешти и плочки

Задна кочница: Единечен диск
Дијаметар на задниот диск: 230mm диск со хидраулична двоклипна клешта
Димензии и капацитет
Тежина: 215.0 kg
Висина на седиште: 831 mm
Вкупна висина: 1,135 mm
Вкупна должина: 2,090 mm
Вкупна ширина: 701 mm
Висина на под: 165 mm
Меѓуоскино растојание: 1,435 mm
Капацитет на резервоарот: 17.00 литри

Би можело да ве интересира

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Дождот кој обилно врнеше на трката во Силверстоун, ни овозможи да поразговараме со поранешниот Супербајк и MotoGP победник, Крис Вермулен.

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.