×

Предупредување

JFolder: :files: Патеката не е папка. Патека: /home/motori/public_html/images/stories/SF50B

×

Забелешка

There was a problem rendering your image gallery. Please make sure that the folder you are using in the Simple Image Gallery Pro plugin tags exists and contains valid image files. The plugin could not locate the folder: images/stories/SF50B

Тестови

Наш тест: Hyosung SF50B

sf50.jpgБлагодарение на нашиот нов спонзор Диро, имавме можност да возиме скутер Hyosung SF50B. Се работи за "racing" верзијата, која во однос на рели моделот се разликува само во однос на пневматиците и ситни промени поврзани со аеродинамиката на маските...

Следете нè на:

 

Благодарение на нашиот нов спонзор Диро, имавме можност да возиме скутер - Hyosung SF50B.

Се работи за "racing" верзијата, која во однос на рели моделот се разликува само во однос на пневматиците и ситни промени поврзани со аеродинамиката на маските. Скутерот е придвижен од двотактен мотор со карактеристично воздушно ладење, со зафатнина од 49 ццм и моќност од 2.58KW.

Двотактниот мотор обезбедува максимална моќност на ниски и средни брзини мултиплицирајќи ги карактеристиките на стоење, забрзување и возење на нагиби, а поголемиот звучен пригушувач (издувен лонец) ја подобрува ефикасноста на издувните гасови.

Максималната брзина декларирана од производителот (45km/h) скутерот ја постигнува без потешкотии дури и со возач со поголема тежина. Кога сме кај тежината, 88кг звучат доволно добро што се покажа и во пракса при управувањето со скутерот.

Забрзувањето е стандардно за скутер од 50ццм. Резервоарот од 4,8л со едно полнење ќе ви овозможи возење на 250км. За дизајнот на скутерот нема потреба да се говори многу, ви ги презентираме сликите од моделот кој го возевме па вие одлучете самите.

Што се однесува до комфорот при возењето, седиштето е дизајнирано прикладно на човечкото тело обезбедувајќи најконфорно возење, посебно ниско седечката позиција која е најприкладна за понежниот пол или за помлади возачи.

Во секој случај со димензии од 1840 × 635 × 1110 (Должина х Ширина х Висина (мм)) го привлекува вниманието на сите минувачи. 

{gallery}SF50B{/gallery}

 

Би можело да ве интересира

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Дождот кој обилно врнеше на трката во Силверстоун, ни овозможи да поразговараме со поранешниот Супербајк и MotoGP победник, Крис Вермулен.

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.