Нејкед мотор кој е лесен за возење, атрактивен на изглед и има мала потрошувачка. Што би посакале повеќе за градското возење? Ние посакавме да тестираме една Кава и добивме - две!

Во нашата редакција пристигна еден ER-6n (n за нејкед) од 2008 (моделска година 07/08) и еден нов (09/10) со што тестот стана уште поинтересен.

Се работи за мотор кој има многу сличности со Kawasaki 650R (650R e комбинација од брзински и мотор со исправена положба за седење, идеален за урбано возење и отворен пат), всушност го делат истиот рам, задната амортизација и вилушката која е по ригидна со цел да ја балансира зголемената флексибилност од рамот.

Сличностите не завршуваат тука, двата модела го делат истиот паралелен двоен агрегатод 649цц кој го има и во Versys. Во однос на самите мотори, промената во 2009 е направена на "ECU" мапирањето и филтерот за воздух кој е зголемен на поновите модели. На 2010-та има промена и во висината на седиштето кое е скоро 3цм пониско одколку кај претходникот што го прави соодветен избор за почетници но и за пониски возачи кои ќе можат цврсто да застанат на земјата додека се на моторот.

Агрегатот развива 72кс, но бројките се премалку во однос на она што го добивате кога ќе седнете на моторот. Агрегатот е "жив" и на мали вртеж, споредбено возач на Yamaha R6 располага со 47nm при 10.000 вртежи во минута додека кај ER-6n истиот момент го има веќе на 3.500 вртежи.

Во меѓусебните разлики (07/08 vs. 09/10), поновиот модел има за 3цм подолго меѓуоскино растојание и поголем агол на предната вилушка, гумирани додатоци на повеќето делови за намалување на вибрациите кои и претходно беа мали и разлика во звукот заради зголемениот број на прегради во издувниот лонец. Тука се и козметичките промени кои се нај изразени во предниот фар.

Kawasaki ER-6n

Возачите ќе го сакаат краткото меѓуоскино растојание, агилноста на моторот и ниското седиште, поискусните сигурно нема да го одберат моделот за "фрлање" по кривини, но на сите ќе им се допадне ниската цена. Во конкуренција на 6n се Suzuki Gladius, SV 650 и Yamaha FZ6R кои накусо би ги сместиле во истата кошничка.

Моторот од фабрика доаѓа со Dunlop Roadsmart, гуми кои се добри додека не почнат да се трошат. Имајќи во предвид дека сите гуми кои се испорачуваат на новите мотори се разликуваат (во компонентите) од оние кои се во продажба, перформансите на истите се значително послаби, па доколку не сте почетник одличен избор се ContiRoad Attack со кои и беше опремен еден од моторите на тестот.

Како и секој нејкед, моторот е наменет за локални возења и викенд прошетки на не многу долги релации. Доколку излегувате на автопат со троцифрена брзина, а возите без додатен визир и навалување на резервоарот (колку што е возможно) ќе се осеќате како цел викенд да сте биле на концерт на Металика.

Седиштето кое треба да биде компромис помеѓу добар изглед и комфорност на крајот не ги задоволува ни двата критериуми. Од друга страна пак рачките кои се релативно блиску позиционирани навидум се проблем за возење по кривини, а всушност не импресионираа бидејќи овозможуваат целосна контрола над моторот и одлично управување по пат кој има поголемо техничко барање.

Изглед кој врти глави

За вкусови не се суди, а ER-6n има изглед кој луѓето или го сакаат или го мразат. За едни е агресивен, за други е женски. Не се согласуваме со тоа дека е женски бидејќи нема женски и машки мотори, а за агресивноста кога не би било банана седиштето би се сложиле. За нас е одличен мотор кој има доволно сила, прецизно управување и живост во возењето. Тесен е за оние со подолги нозе, но лесен е за возење, има сила при ниски вртежи и неверојатна моќ да го слуша возачот.

Без разлика дали сте почетник кој бара одлично балансиран мотор на кој нема да му требаат помошни тркала или пак ветеран на кој му треба мотор со кој нема да се препотува низ градскиот метеж, Kawasaki ER-6n заслужува втор поглед.

Во продолжение и галеријата од тестот:

{gallery}er6n{/gallery}

Back To Top